Како никогаш да не погрешите со изборот на кармин?

Често се случува со часови да разгледувате кармини и на крајот пак да бидете во дилема која нијанса е вистинската.

kako-nikogas-da-ne-pogresite-so-izborot-na-karmin-001.jpg

Како и за многу други работи во животот, така и за ова постои еден лесен трик со кој многу лесно и едноставно ќе одредите која боја на кармин е идеална за вас.

Одберете на која група од следните групи припаѓате и така ќе дознаете која е вистинската нијанса.

Зимска девојка

Карактеристики:

Очи – кафеави, темно кафеави, сини, сино-зелени

Коса – сите темни нијанси на кафеава, црна

Тен – средно светол тен, маслинест или темен тен

Kako-da-ja-izberete-vistinskata-boja-na-karmin-01

Ако припаѓате на оваа група, тогаш сте вистинска среќничка. Вам ви одговараат речиси сите нијанси. На девојките со светол и средно светол тен најдобро им одговараат различни розови, па дури и виолетови нијанси, додека за тие со потемна кожа црвениот кармин е најбезопасен избор.

Пролетна девојка

Карактеристики:

Очи – зелени, сини, сиво-зелени

Коса – светло русокоса, темно русокоса, светло кафеава

Тен – жолтеникав светол тен

Kako-da-ja-izberete-vistinskata-boja-na-karmin-02

Топлите нијанси се најдобриот избор за „пролетните“ девојки, особено оние кои се за една нијанса потемни од природната боја на нивните усни. Ако сакате да додадете боја, изберете темна беж и црвено портокалова нијанса.

Летна девојка

Карактеристики:

Очи – сини, сиво-зелени, костенливи

Коса – русокоса, сиво русокоса

Тен – светло розеникав тон

Kako-da-ja-izberete-vistinskata-boja-na-karmin-03

За дневните деловни прилики изберете ладна розова нијанса, додека за вечерните излегувања одбирајте нијанси како црвена, бордо или темно виолетова.

Есенска девојка

Карактеристики:

Очи – сиви, зелени, кафеави

Коса – црвена, кафеава

Тен – многу светол, речиси бел

Kako-da-ja-izberete-vistinskata-boja-na-karmin-04

Девојките со најсветол тен воопшто не треба да се плашат да експериментираат со посилни бои на кармин. Светло розовата и ладните нијанси на црвена се совршени за да ја истакнете вашата убавина. Исто така, одличен избор се темните нијанси на бордо.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
Трендови во шминкањето и фризурите кои се вратија од минатото (и преку ноќ станаа повторно ИН) Проѕирен маникир за нокти, темно моливче околу целото око, коса залижана наназад...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
7 бои на коса кои ќе бидат хит во 2024-та Во 2024-та хит ќе бидат суптилните бои на коса кои изгледаат автентично, наспрот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg