Тајни со кои славните ги бришат брчките

Многу од холивудските ѕвезди и покрај тоа што навлегуваат во петтата и шестата деценија од животот, се чини дека го нашле еликсирот за младоста и немаат никакви брчки.

7-tajni-so-koi-slavnite-gi-brisat-brckite-001.jpg

Сепак, иако многумина би се согласиле дека нивниот младешки изглед се должи на бројните пластични операции, факт е дека некои од нив воопшто не се одлучиле на хируршки зафат, а изгледаат одлично.

Ова се нивните по малку чудни тајни, со кои тие успеваат да ги избришат брчките и да изгледаат многу помладо.

1. Кристи Бринкли

Кристи Бринкли има 63 години – во што е тешко да се поверува. Таа тврди дека тајната на нејзината младост е секако во правилната исхрана и вежбањето, но и во секогаш средената коса и веѓи.

7-tajni-so-koi-slavnite-gi-brisat-brckite-02

2. Џони Деп

Џони Деп е добро познат по легендарната улога во филмот „Пиратите од Карибите“, чие снимање подразбирало и долго изложување на сонце. Ваквото изложување води кон појава на дамки и хиперпигментација, кои тој ги спречил со нанесување на крема за осветлување на кожата.

7-tajni-so-koi-slavnite-gi-brisat-brckite-03

3. Деми Мур

Хидратација - колку и да изгледа едноставно и обично, вистината е дека навистина делува. По испробувањето на многу препарати, таа изјавила, „Без оглед на тоа колку е доцна, кога доаѓам дома секогаш одвојувам време за чистење и хидратација на лицето. Верувам дека нема да биде потребна многу шминка ако се концентрирате на добра нега на кожата“.

7-tajni-so-koi-slavnite-gi-brisat-brckite-04

4. Синди Крафорд

Супермоделот признава дека лицето редовно го мачка со полномасно млеко. Имено, млекото ја задржува млечната киселина која често може да ја видите и во скапите производи за нега на кожата. Млечната киселина врши природна ексфолијација, па кожата изгледа подмладено и свежо.

7-tajni-so-koi-slavnite-gi-brisat-brckite-05

5. Хали Бери

Иако е на прагот на шестата деценија, нејзината блескава кожа и понатаму е нејзин заштитен знак. Нејзината тајна е во витаминот Ц. Но, наместо да го пие, таа прави ексфолијација со чист витамин Ц и потоа нанесува хидратантна крема.

7-tajni-so-koi-slavnite-gi-brisat-brckite-06

6. Џулиен Мур

Ако сакате кожата во 56-тата година да изгледа блескаво, послушајте го советот на актерката, а тоа значи што подалеку од сонцето. Таа открива дека тајната за нејзината порцеланска кожа се крие во нанесувањето на крема со заштитен фактор, навика која таа ја практикува уште од нејзините дваесетти години.

7-tajni-so-koi-slavnite-gi-brisat-brckite-07

7. Сандра Булок

На 52 години, Сандра Булок ги збунува луѓето со нејзиниот изглед. Неа никогаш нема да ја видите со уморни очи, но актерката има посебна и по малку чудна тајна за тоа. Таа користи крема за хемороиди во пределот околу очите.

„Ставањето крема за задник на очи, е една од моите најдобри тајни за убавина, поради неа немам брчки“, изјавува таа.

7-tajni-so-koi-slavnite-gi-brisat-brckite-08

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Чај од бел трн, кефир: Како кожата на Марго Роби изгледа беспрекорно во новиот филм „Barbie“? Експертот за здравје кој соработувал со Марго Роби за време на снимањето на Barb...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
5 најчести грешки во летната рутина на кожа Летото е сезона на сончеви денови, активности на отворено и шанса да уживате во ...
10 навики за нега и убавина на Бразилките поради кои имаат прекрасна кожа и изгледаат помладо Бразилките пијат вода од кокос, не излегуваат од дома без заштитен фактор дури и...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg