Eucerin - Козметика која ја препорачуваат дерматолозите

Изборот на вистинската козметика е прашање кое не е поврзано со годините или полот. Секој кој се грижи за себе, за својата кожа и нејзиниот убав изглед би требало да користи квалитетна медицинска козметика, која е ослободена од вештачки додатоци за боја и мирис, дерматолошки тестирана и компатибилна со карактеристиките на кожата. Кога е во прашање здравјето и правилната нега компромиси не би требало да се прават.

eucerin-kozmetika-koja-ja-preporacuvaat-dermatolozite-1.jpg

Доволно е само да се консултирате со вашиот дерматолог, да се информирате на некој од интернет форумите и да одберете производ според годините и типот на кожата.

Кожата помни велат дерматолозите. Затоа секоја грижа или негрижа има влијание врз кожата во годините на старост. Колку порано се практикува вистинска нега толку подобро. Во младост би требало да се почне со хидратантни креми, а тука секако најдобар избор е Еуцерин AQUAporin ACTIVE, револуционерна крема која овозможува интензивна хидратација дури и во најдлабоките слоеви на кожата. Ја содржи активната состојка глуко-глицерол  која го стимулира производството на аквапорини во кожата.  Аквапорини се водни канали кои ги придвижуваат водните молекули во клеточните мембрани и го регулираат оптималниот трансфер на вода внатре и надвор од клетките на кожата.

Колку повеќе сте под стрес, изложени на сонце и надворешни влијанија, толку порано хидратантните креми треба да ги замените со креми кои го содржат коензимот Q10. Иако најчесто се забележуваат во повозрасните години, научните истражувања покажаа дека и помлади жени, околу 25-30 година имаат проблем со брчките, особено оние кои директно се изложени на сонце, работат ноќни смени, нередовно и неквалитетно се хранат, имаат динамично секојдневје. Коензимот Q10 ја храни кожата и ја зголемува регенерацијата на нејзините слоеви, при што доаѓа до забележливо намалување на брчките. Колекцијата Eucerin Q10 Active, се состои од дневна и ноќна крема за сува кожа, дневна крема-флуид за нормална и комбинирана кожа и крема за пределот околу очите. За возраст над 35 години неопходно е да се успори неминовниот процес на стареењето на кожата поради губењето на значајно количество на хијалуронската киселина која се смета за клучен причинител за појавување на длабоките брчки.

eucerin-kozmetika-koja-ja-preporacuvaat-dermatolozite-2.jpg

Eucerin® дневната крема со Хијалуронска киселина е креирана токму да ги надополни овие недостатоци на кожата. Овозможува интензивна нега на кожата, полнејќи ги брчките од внатре кон надвор, видливо намалувајќи ги дури и најдлабоките брчки. Го реактивира и поттикнува создавањето на хијалуронската киселина во кожата и ефективно ги полни брчките одвнатре со што тие стануваат видливо многу помазни. Биоактивниот сапонин докажано го рединамизира производството на хијалуронската киселина во кожата и го пополнува сврзното ткиво по природен пат. Содржи високо ефикасна УВА/УВБ заштита и СПФ 15, има дискретен мирис, а кожата лесно го впива.

eucerin-kozmetika-koja-ja-preporacuvaat-dermatolozite-3.jpg

За над 40 години се препорачува колекцијата Eucerin Volume Filler, која видливо ги намалува брчките во подрачјето на челото, устата и носот, намалувајќи ги дури и најдлабоките брчки.

eucerin-kozmetika-koja-ja-preporacuvaat-dermatolozite-4.jpg

Би можело да ве интересира:

Брчки, лузни: Славни дами кои не ги кријат своите мали „несовршености“ Од фалтички на вратот до флеки кои се појавуваат со текот на годините по деколте...
Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
10 навики за нега и убавина на Бразилките поради кои имаат прекрасна кожа и изгледаат помладо Бразилките пијат вода од кокос, не излегуваат од дома без заштитен фактор дури и...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
5 најчести грешки во летната рутина на кожа Летото е сезона на сончеви денови, активности на отворено и шанса да уживате во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg