Модерни и младешки: Хит фризури за матурската вечер

Матурските прослави се ближат, па вистинско време е да ја пронајдете добитната комбинација за оваа пригода.

moderni-i-mladeshki-hit-frizuri-za-maturskata-vecher-1_copy_copy.jpg

Покрај за фустанот, матурантките веќе размислуваат и каква фризура да одберат за својот важен ден. Матурската фризура треба да биде женствена и единствена, каква што е и самата вечер, но и модерна и младешка, соодветствувајќи на годините на славеничката.

Притоа, при изборот на фризура за матурската вечер, неопходно е да обрнете внимание на бојата на косата и обликот на лицето, но и на облеката што ќе ја носите во таа прилика. Постојат фризури кои не прилегаат секому, но и тие кои се идеални за повеќето девојки.  

Оваа година, во тренд се крупните кадрици, брановидната коса и ниските „неуредни“ пунџи.  Доколку, пак, сакате плетенки, најдобар избор е густата плетенка во било која варијанта. Со ваквите фризури ќе изгледате опуштено и неформално, испраќајки порака дека не сте се труделе премногу да изгледате совршено, а до израз ќе дојде вашиот млад и бунтовен дух.

Од друга страна, за младите дами кои посакуваат погламурозен изглед, класичните холивудски фризури никогаш не излегуваат од мода. Тие се елегантен избор за сите свечени пригоди, а посебно убаво ќе изгледаат во тандем со црвен кармин и туш за очи.

Во продолжение, ви нудиме изобилство од предлози за сечиј вкус, стил и тип на коса. Одберете го фаворитот и блеснете на матурската вечер:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Колку често може да ја фарбате и бланширате косата без (премногу) да ја оштетите? Понекогаш наједноставниот начин да го трансформирате вашиот изглед е со промена ...
Трикови со кои холивудските дами ги кријат белите влакна без да ја фарбаат косата (а можете да ги ко... Волуменозни фризури, украси за коса, плетенки околу целата глава - холивудските ...
9 (ризични) фризури кои не им стојат добро на сите Многу кратката боб фризура ќе треба постојано да ја стилизирате, а и се чини дек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg