Храна која ѝ помага на косата побрзо да расте

Долгата коса е цел на секоја девојка. Освен специјалните шампони и маски за коса, во прилог на растот оди и промената во начинот на исхрана.

hrana-koja-i-pomaga-na-kosata-pobrzo-da-raste-001.jpg

Следниве производи не само што ќе го забрзаат растот на косата, туку ќе ја направат и поздрава. 

1. Лосос

Масните омега-3 киселини кои ги содржи месото од лососот ги зајакнувааат фоликулите и го стимулираат растот на косата. Покрај тоа лососот има витамин Б12 и железо кои исто така ѝ помагаат на косата да расте побрзо.

7-proizvodi-so-koi-kje-go-zabrzate-rastot-na-kosata-02

2. Остриги

Остригите содржат голема количина на цинк кој не само што го забрзува растот, туку и дава ѝ сјај на косата. Секако дека не би можеле да ги користите во исхраната секој ден, па затоа вклучете и други производи богати со цинк како говедско и свинско месо.

7-proizvodi-so-koi-kje-go-zabrzate-rastot-na-kosata-03

3. Пилешко месо

Пилешкото месо е богато со протеини од животинско потекло кои произведуваат кератин – супстанца која го регенерира влакното. Недостатокот на протеини за само 2-3 месеци резултира со престанок на растот и губење на косата.

7-proizvodi-so-koi-kje-go-zabrzate-rastot-na-kosata-04

4. Јајца

Јајцата содржат елементи кои се неопходни за раст на нормална коса како протеини и биотин. Биотинот  во форма на додаток во исхраната се препорачува при губење на косата. Уште подобро би било кога би го користеле во природна форма.

7-proizvodi-so-koi-kje-go-zabrzate-rastot-na-kosata-05

5. Бадеми

Бадемите содржат витамин Е, кој го активира растот и ја зајакнува косата. Околу 30 грама бадеми претставуваат околу 70 % од дневната потреба од овој витамин. Освен тоа бадемите содржат и биотин, масни киселини и витамин Б.

7-proizvodi-so-koi-kje-go-zabrzate-rastot-na-kosata-06

6. Семки од тиква

Семето од тиква содржи витамини Б1, Б2, Б3 и Б4 кои се одговорни за растот на косата, како и Б5 и Б6 кои обезбедуваат здрав скалп. При забрзано губење на косата треба да се вклучи масло од тиква во исхраната.

7-proizvodi-so-koi-kje-go-zabrzate-rastot-na-kosata-07

7. Леќа

Леќата содржи голема количина на железоm, кое е еден од најважните елементи за здрав раст на косата. Една чинија приготвена леќа содржи половина од потребниот дневен внес на железо. Покрај тоа леќата содржи и цинк, холин и други корисни состојки.

7-proizvodi-so-koi-kje-go-zabrzate-rastot-na-kosata-08

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
Како да го забрзате растот на косата? Рецепти од природни состојки кои може да ги направите сами дом... Дали сте од оние луѓе кои пробале многу производи за брзо растење на косата, но ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg