Совршена 5-минутна рутина за шминкање

Според мејкап артистот Ширли Пинксон, модерната шминка не треба да одзема 2 часа од вашето време за да ја нанесете.

sovrshena-5-minutna-rutina-za-shminkanje-2.jpg

Сѐ што ви е потребно е сјајна кожа, густи веѓи и блескави усни, а за да го постигнете сето тоа, нема да ви бидат потребни повеќе од 5 минути.

Тенок слој на пудра

Кога одбирате пудра, одберете формула која најмногу и одговара на вашата кожа. Додека ја нанесувате, концентрирајте се на помасните делови на лицето, како што се деловите околу носот и образите.

На делот под очите нанесете тенок слој од пудрата додека нежно допирате со прстите. Самото допирање ќе ја зголеми циркулацијата околу вашите очи и ќе ви помогне да ја разбудите кожата.

sovrshena-5-minutna-rutina-za-shminkanje-3.jpg

Природна боја на руменило

За да добиете природен изглед, користете кремасто руменило. Тоа ќе ви помогне да создадете младолика и лесна завршница. Користете ги прстите за да нанесете мал слој врз јаболкниците на вашите образи. Кога е во прашање руменилото, тука важи правилото: „Колку помалку толку подобро“.

sovrshena-5-minutna-rutina-za-shminkanje-4.jpg

Затемнети веѓи

Доколку сте биле на професионално шминкање, веројатно ви е познато дека шминкерите скоро секогаш ви ги коригираат или средуваат веѓите. Тоа е така од причина што кога веѓата е потемна, таа му дава поостар изглед на вашиот лик.

Доколку немате соодветно моливче за исцртување на веѓи, можете да искористите и некоја од потемните сенки.

sovrshena-5-minutna-rutina-za-shminkanje-5.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...
Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
5 најчести грешки во летната рутина на кожа Летото е сезона на сончеви денови, активности на отворено и шанса да уживате во ...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
10 ситници во изгледот што жените ги занемаруваат и им даваат неуреден изглед Вчерашна фризура, испукани усни и торба за пазарење наместо чанта – некои ситниц...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg