7 митови поврзани со косата кои треба да ги избришеме од постоење

Постојат три страни на секоја приказна – мојата, твојата и вистината. Во време како денешното кога информациите ги имаме на дофат со притискање на едно копче, а нив ги има во изобилство, навистина не знаеме во што да веруваме повеќе.

7-mitovi-za-kosata-koi-treba-da-gi-izbriseme-od-postoenje-01.jpg

Косата е една од оние теми што се вистинска болна точка за жените. Колку повеќе внимание ѝ посветувате, толку поужасна е. Никогаш не сте задоволни од неа и не знаете што да направите повеќе, а информациите од типот дека редовно треба да се потстрижува или не смеете да ја фарбате додека сте бремени дополнително ги отежнуваат работите.

Всушност, кои се најголемите 7 митови поврзани со косата во кои сé уште слепо веруваме?

Најдобро е косата да се засуши со мека крпа

Излегуваме од бањата и веднаш цврсто ја мотаме косата во огромна крпа, па дури и се подзабораваме со истата околу половина час на главата. Или пак ја триеме косата со крпата со сета можна сила со цел да ја исушиме побрзо. Погрешно. На овој начин само ја оштетуваме косата и го надразнуваме скалпот.

Наместо ова нежно притиснете ја крпата врз косата, а потоа расчешлајте со крупен чешел со цел да го исцедите вишокот вода.

Не е безбедно да ја бојадисуваш косата додека си бремена

Истражувањата покажуваат дека хемикалиите во трајните и полутрајните бои за коса не се високотоксични, што индицира дека фарбите се безбедни за употреба во текот на бременоста. Минимални количини од фарбите за коса може да се впијат во кожата, а истите да стигнат до фетусот е практично невозможно.

Доколку сте несигурни, сепак консултирајте се со лекар пред да ја бојадисате косата или одберете неинвазивен метод каде што бојата нема допир со скалпот и корените, како на пример омбре.

Редовното потстрижување прави косата да ви расте побрзо

Ова нема скоро никаква логика. Она што се шиша во долниот дел од косата не прави никаква разлика дали таа ќе расте побрзо или побавно. Кога косата е сува, оштетена, а врвовите се испукани, таа всушност се „кине“ многу лесно. Што значи косата постојано расте, но истовремено и се „кине“, па не можете да забележите никаква разлика во должината.

Доколку ги скратите оштетените делови автоматски добивате коса која не е толку подложна на пукање и оштетување, па нормалниот раст на истата изгледа видливо и забележително.

Мрсната коса се обликува полесно

Доколку имате многу густа и волуменозна или бујна и виткана коса, точно е дека подобро се обликува по еден ден миење. Но, доколку косата ви е тенка и безживотна тој еден ден не ви прави никаква услуга, туку напротив, стилизирањето ќе биде вистински кошмар.

Особено ако сакате мазна и сјајна фризура, најдобро е да почнете со свежо измиена коса. Запаметете дека со вистинските продукти косата секогаш може да се доведе до степенот на измрсеност кој ви е потребен за обликување, но кога е вистински мрсна процесот не може да се одвива во спротивна насока.

Ако искубете едно бело влакно, две ќе дојдат на погреб

Сигурно сте го слушнале ова досега. Не ги скуби белите влакна бидејќи се дуплираат. Сепак, размножувањето на белите и сивите влакна нема никаква поврзаност со нивното скубење од корен.

Едноставно е, ако косата решила да побелува единствениот спас е бојадисување за да се прекријат белите влакна. Нивното скубење од корен може само да го оштети скалпот и да ја направи косата послаба и покршлива.

Природното сушење на возудх е поздраво од сушењето со фен

Секако дека не треба да сте „венчани“ со фенот за коса и да го оставите да одмори, особено за време на летните одмори, но понекогаш ви треба косата да е чиста и сува за само 15 минути, нели?

Истражувањата на оваа тема сепак покажале дека сушењето со фен предизвикува повеќе штета која е видлива на надворешниот дел од косата, но природното сушење на воздух всушност повеќе ја оштетува внатрешната структура на влакното.

На пример, кога косата после пливање ни е водена и оставаме да се исуши природно на сонце, всушност внатрешноста во влакното „отекува“ и на тој начин косата се оштетува повеќе отколку од топлината на фенот, колку и да звучи неверојатно.

Лекот? Сушете ја косата со фен на најниската температура, движете го фенот брзо без да го насочувате долго време на одреден дел од косата и секако, одржувајте оддалеченост помеѓу него и косата од околу 10 cm додека ја сушите.

Заборавете на маслата доколку имате мрсна коса

За разлика од многу продукти кои кога ги нанесуваме всушност се слепуваат на влакното и ја маскираат косата правејќи таа да изгледа навидум здраво, маслата ја имаат способноста да навлезат длабоко во влакното, да го нахранат одвнатре и да ја направат косата вистински сјајна и поздрава.

Кокосовото масло на пример е одлично за бланширана и бојадисана коса, а делува и против топлината и штетните УВ-зраци. Доколку сте исплашени дека маслата дополнително ќе ви ја замрсат косата ставете околу 20 капки чисто квалитетно масло по избор (кокосово, арганово, рицинусово) во вашиот регенератор за коса и почувствувајте ја разликата.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg