Дали Philips Lumea навистина функционира? – ДА, потврдено од македонските жени

Летото календарски само што не започнало, а сонцето и топлото време во изминатиот период нè натераа да ја ослободиме нашата кожа и да се облечеме во лесните летни алишта. Сепак, ова значи дека кожата треба да биде мазна и да блесне во своето најубаво светло.

dali-philips-lumea-navistina-funkcionira-da-potvrdeno-od-makedonskite-zeni.jpg

Мазната кожа и безболното депилирање, особено во овие летни денови се сон на секоја жена. Philips, мислејќи токму на остварувањето на овој сон на жените, ja креираше Lumea.

Многумина од нас си поставуваме прашања за Lumea, односно дали таа вистина функционира и е ефикасна. Ништо не говори подобро, отколку искуството на нашето опкружување, нашите пријателки, познанички, оние на кои им веруваме и можат искрено да ни ги споделат нивните впечатоци и задоволство од користењето.

Затоа, за сите оние кои сè уште се двоумат во резултатите на револуционерните уреди на Philips Lumea, прашавме неколку девојки кои веќе ја користат Lumea и можат да ни го пренесат своето искуство: Драгана, Марија и Билјана од прва рака ни го споделија своето искуство и резултатите од користењето.

Драгана Блaжeска:

“Јас сум Драгана Блажеска од Охрид и имам 25 години. Philips Lumea-та ја користам повеќе од една година и сум пресреќна од резултатите. За Philips Lumea, искрено, се одлучив од љубопитство и од преголема желба да се ослободам од несаканите влакна, не помислувајќи дека тоа навистина ќе биде крајното решение. По само еден третман забележав дека добив резултат каков што никогаш претходно не сум добила. Мојата кожа заблеска без ниту едно влакно на неа, а јас не почувствував и најмалку болка. Со Philips Lumea го третирам целото мое тело, а до сега имам направено 10 третмани. После 3-от третман јас го отстранив мојот голем проблем од минатото. Тоа беа поткожните влакна кои ми правеа огромни нервози и стресови. Порано, не ни можев да се замислам да ги облечам омилените шорцеви и фустанчиња кои ги купив, но немав храброст да ги носам поради поткожните влакна. Philips Lumea ми овозможи да доживеам чувство кое што е незаменливо и неспоредливо. Сега уживам во топлите денови и се фалам со мојата прекрасна кожа без ниту едно влакно на неа. Накратко, сите оние кои што имаат проблематична кожа и проблеми со поткожните влакна не треба ниту момент да се размислуваат бидејќи не се споредува успешноста на Philips Lumea, а не се споредува и мојата среќа и самодоверба.”

Марија С.

“Се сомневам дека некогаш сум донела попаметна одлука од тоа да вложам во Lumea. Тимот на Philips ретко греши, но сепак не очекував дека една мала направичка која ја собира во секоја чанта ќе може толку лесно да реши огромен проблем.

Имам многу светла, сува и осетлива кожа која е склона кон алергии. Од друга страна, имам многу темни и густи влакна на рацете, нозете и препоните кои брзо растат, без разлика дали ги отстранувам со восок, шеќерна паста, машински епилатор или обичен брич. За нештата да се уште потешки , половина од влакната враснуваат, а оние кои веќе го имале овој проблем знаат дека препони со темни точки не се баш најубава глетка.

Lumea-та си ја набавив по неколку месеци споредување на pros&cons од корисници на интернационални веб-сајтови, некаде на почетокот на април. Третманите ги правев на две недели првите шест пати. Верувам дека следниот ќе биде за нешто повеќе од четири недели. Ги третирам нозете, препоните, пазувите, рацете и делот над и околу устата. Влакната се намалија за околу 75%, а на оние места каде ги има, тие се ситни, светли и меки, скоро незабележливи.

Со оглед на тоа што имам многу малку слободно време како студент кој напоредно и работи, кај Lumea ми се допаѓа тоа што самата си ги закажувам третманите, кога јас имам време. Само продолжувам таму каде што сум застанала и тоа е тоа. Нема потреба од чекање да пораснат влакната до следниот третман, па така не морам да планирам кога ќе носам фустан или кратки ракави, а тоа за мене е вистинскиот спасител на време. “

Билјана Ј.

“Philips Lumea и јас! Тоа беше љубов на прв поглед, т.е. на прв допир. Бидејќи подолг период се интересирав за некоја друга алтернатива на депилацијата налетав на Philips Lumea и нејзинaта иновативна, пред сè би рекла, револуционерна технологија, интензивната пулсирачка светлина (IPL). Бидејќи внимавав во минатото многу со депилацијата поради мојот проблем со алергија која што се јавуваше на бикини зоната, но понекогаш и на нозете, јас многу внимателно се едуцирав и истражував за тоа кое е најдоброто решение за отстранување на влакна и нивно постепено намалување. Дојдов до конечниот одговор, а тоа беше најновата линија на Philips Lumea. Дома имав неколку производи на Philips и бев многу задоволна, па поради тоа не се двоумев да и дадам шанса на Lumea-та. Сега сум презадоволно бидејќи по само 4 третмани мојата кожа блеска, а забележав дека моето лица нема повеќе влакна и нема потреба да се депилирам таму. “  

Па девојки? Ова се искуствата на девојките кои ја користат Lumea. Доколку сакате да дознаете повеќе за Lumea, посетете ја страницата www.lumea.philips.com.mk

А сега, пред самиот почеток на летото, само до крајот на месецот, достапен е ексклузивен попуст од 20% на новата Philips Lumea Prestige во продавниците на Neptun и Setec.

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Трикови со кои холивудските дами ги кријат белите влакна без да ја фарбаат косата (а можете да ги ко... Волуменозни фризури, украси за коса, плетенки околу целата глава - холивудските ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg