Како да ја обновите косата и да го одржите нејзиниот сјај по летувањето?

По изложувањето на сонце и морска вода, како и хлор од базените, вашата коса бара повеќе внимание и нега.

kako-da-ja-obnovite-kosata-i-da-go-odrzhite-nejziniot-sjaj-po-letuvanjeto-01.jpg

Од преголемото изложување на сонце, косата избледува, а под дејство на морската вода или хлор, ја губи еластичноста.

Токму затоа, при крајот на летото на вашата коса би и годело длабинско перење, а најдобро е да го направите третманот во фризерски салон.

Пожелно е бојата да ја обновите со прелив збогатен со хранливи состојки, кои ќе и го вратат сјајот и бујноста на косата.

За вакви ситуации одличен избор се и фарбите без амонијак кои го негуваат и обновуваат влакното. За подолго да го одржите сјајот, при секое перење на косата во регенераторот додадете маслиново масло.

Со оглед на тоа што во лето косата побрзо расте, добро би било и да ја скратите. За обликот и фризурата најдобро е да се посоветувате со вашиот фризер кој најмногу ќе знае да ви помогне.

Ова не мора да значи дека е задолжително да го правите во салон. Можете и сами да си ја направите маската дома во комбинација на различни масла и мед.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg