Зошто Италијанките се едни од најубавите жени во светот?

Италија не е само позната по историските градби и вкусната храна, туку и по фамозните Италијанки по кои се вртат и мажи и жени.  

moderni-bez-da-gi-sledat-trendovite-zoshto-italijankite-se-edni-od-najubavite-zheni-vo-svetot-01.jpg

Магнетна привлечност, мистерија и посебен стил на живот – така најдобро се опишуваат Италијанките денес.

Долги години Французинките беа на врвот на листата на најпривлечни жени во светот, но во последно време Италијанките им се приближуваат.

Во што е тајната на нивниот уникатен и шик изглед?

Италијанките имаат изграден стил на облекување без разлика на моменталните трендови

Италијанките се облекуваат шик и нивниот стил е безвременски и уникатен. Може да облечат некое парче кое е во тренд во одредена сезона, но тоа е секогаш во комбинација со класични парчиња.

Задолжително имаат неколку модели на костими за капење, дамски шешир и убава чанта.

moderni-bez-da-gi-sledat-trendovite-zoshto-italijankite-se-edni-od-najubavite-zheni-vo-svetot-02.jpg

Едноставно и брзо се подготвуваат за излегување

Италијанките не користат илјадници козметички производи, туку имаат неколку квалитетни производи кои ги користат секојдневно.

Пудра, руменило, маскара и кармин се задолжителни во нивната секојдневна рутина за шминкање.

Се стремат кон природен изглед и тоа го постигнуваат за кратко време, па сите прашуваат како може да изгледаат толку совршено, а да не вложиле многу труд?

moderni-bez-da-gi-sledat-trendovite-zoshto-italijankite-se-edni-od-najubavite-zheni-vo-svetot-06.jpg

Сакаат да уживаат во секојдневни задоволства

Италијанскиот сладок живот е познат насекаде низ светот. Вкусна храна, уште повкусно вино и многу забава – тоа се трите постулати на сите Италијанки. Тие не бројат калории и сакаат вистински да уживаат во вкусните домашни специјалитети.

Меѓу омилените места за излегување на Италијанките се местата кои нудат забава. Тие сакаат добро да се забавуваат и да поспијат до подоцна и знаат дека за здрава и убава кожа е потребен живот без стрес.

moderni-bez-da-gi-sledat-trendovite-zoshto-italijankite-se-edni-od-najubavite-zheni-vo-svetot-04.jpg

Свесни се за својот изглед, но знаат дека тоа не е најважно во животот

Убавината и негата се важни, но она што е пресудно е карактерот и амбициите на жената. Италијанките се самостојни и не сакаат да зависат од никој друг или пак, да се провлекуваат на убавиот изглед.

Тие го користат секој слободен момент да прочитаат некоја книга, да погледнат филм, театарска претстава или да посетат некоја изложба. Амбициите и образованието им се подеднакво важни како модата и убавината.

moderni-bez-da-gi-sledat-trendovite-zoshto-italijankite-se-edni-od-najubavite-zheni-vo-svetot-05.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 жени кои целосно се трансформираа откако ја сменија фризурата (фото) Дали сте од оние жени кои често ја менуваат фризурата и бојата на косата, или по...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
10 трикови со кои Италијанките изгледаат како кралици и по напорен ден Користат маслиново масло за нега на кожа, носат црно и во лето, а марамата им е ...
Бралети наместо градници и уште 9 навики за убавина на жените од Кина Максимално ги избегнуваат тампоните, а лицето го мијат со оризова вода – кои нав...
Каков маникир да изберете оваа есен за да бидете во тренд – Од чоколадни, до речиси проѕирни нокти (... Металик нокти со врв од мат лак, нокти во боја на топло чоколадо, но и речиси пр...
Широки колкови, дупка меѓу забите: Стандардите за убавина на жените низ земјите во светот Во Јапонија жената е привлечна ако има светол тен и ситни очи, во Доминиканската...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg