Изрази ги многуте страни на твојата личност со Eve Duet: Првиот двоен парфем од Avon за бесконечни мирисливи можности

Холивудската актерка Ева Мендез е новото лице на мирисливиот бренд кој содржи блескав и жив цветно-овошен мирис, како и сензуален и заведувачки дрвно-цветен мирис, за бесконечни интригантни комбинации.

izrazi-gi-mnogute-strani-na-tvojata-licnost-so-eve-duet-prviot-dvoen-parfem-od-avon-za-beskonecni-mirislivi-moznosti-01.jpg

Ако нашиот избор на облека е одраз на променливото расположение секое утро, зошто тогаш да не се искажеме себеси и преку мирисот, исто така? Со многу прекрасни, интригантни, секогаш променливи аспекти кои ја градат личноста на една жена, само еден парфем може да биде недоволен за да го искаже сето она што сме. Avon ја слави мулти-димензионалноста на модерната жена со лансирањето на Eve Duet - карактеристичниот двоен мирис. Двата мириси се дизајнирани да бидат во совршена хармонија, да се користат одделно или нанесени во слоеви заедно за да создадат бесконечни мирисливи комбинации и можности. Од блескавиот и жив цветно-овошен мирис, до впечатливиот и заводлив сензуален дрвено-цветен мирис, Eve Duet нé води на едно екпериментално патување, негувајќи ги контрастите и спротивностите кои ги поседува жената.

- Нашата цел е да го следиме чекорот и потребите на модерните жени и да им понудиме производ кој во секој сегмент ќе кореспондира со нивните потреби и желби. Токму затоа беше креиран Eve Duet, двоен мирис кој ќе им овозможи да бираат како ќе мирисаат тој ден, а воедно и да бидат еден вид на креатори на нов мирис преку тоа што ќе ги комбинираат двата парфеми – вели Дана Стојкова, национален менаџер за продажба во Avon за Македонија и Црна Гора.

За да ги персонифицира многуте различни страни на Eve Duet, Avon гордо навува дека актерката Ева Mендез е лицето на парфемот. Ева е талентирана и прекрасна ѕвезда, светски позната по многуте различни улоги на модерна жена на денешницата. Од мајка на две деца, до успешна актерка, модна дизајнерка и претприемач, Ева ги воодушевува сите околу неа со нејзината забавна, храбра и впечатлива личност.

- Ми претставува огромна чест да соработувам со компанија која ги разбира и почитува жените толку многу години. Сакам да бидам креативна и да екпериментирам со различни изгледи во зависност од моето расположение, а можноста да се искажам себеси во потполна слобода и да ја славам мојата индивидуалност преку парфем е навистина забавно. Мирисите играат голема улога во мојот живот и сакам да ги испробувам различните комбинации на сензуалната и блескавата страна за да ги искажам моите различни расположенија - вели Ева.

Маркетинг директорката на брендот Eve, Ребека Полард истакнува дека се среќни од соработката со Ева Мендез.

izrazi-gi-mnogute-strani-na-tvojata-licnost-so-eve-duet-prviot-dvoen-parfem-od-avon-za-beskonecni-mirislivi-moznosti-02.jpg

- Воодушевени сме што ја имаме Ева за лице на Eve Duet, бидејќи таа го отелотворува сето она за што Avon се залага. Горди сме што склучивме партнерство со толку талентирана, инспиративна жена за да го претставува нашиот најиновативен парфем досега - изјави Полард.  

Како ко-креација направена во соработка со главниот парфимерист на IFF (International Flavors & Fragrances Inc.), Жан-Марк Шалиан, извонредно долготрајните мириси на Eve Duet имаат заедничка срцевина со која тие заедно функционираат во совршена хармонија – тоа е егзотичниот амазонски воден крин кој цути само 3 дена во годината. Кринот ја трансформира бојата и мирисот од самрак до зори, за совршено да ги отелотвори променливите аспекти на жената, што е составен дел на парфемот Eve Duet.

- Партнерството со Avon и сознанието дека компанијата негува длабока почит и познавање на своите потрошувачи, се здруживме заедно да создадеме нешто навистина прекрасно - подвлекува Жан-Марк Шалиан.

izrazi-gi-mnogute-strani-na-tvojata-licnost-so-eve-duet-prviot-dvoen-parfem-od-avon-za-beskonecni-mirislivi-moznosti-03.jpg

БЛЕСКАВ

Пенлив. Цветен. Овошен.

Расположувачки. Лесен. Сјаен.

Врвни ноти: Енергична и пенлива, сочна клементина и блескав цвет од јаболко. Мекиот акцент на нежната црна рибизла дава воздигнувачки и волшебен ефект.

Средни ноти: Во срцето на овој мирис е етеричниот розов воден крин, сјаен и трансцедентен. Измешан со најквалитетниот јасмин апсолут и божур, цветниот мирис цути од убавина.

Основни ноти: Сјајната топлина на златниот килибар зрачи со елегантен блесок. Идиличните руси дрвја обвиткани со сензуалниот мошус го шират мирисот со привлечна леснотија.

СЕНЗУАЛЕН

Впечатлив. Шармантен. Неодолив.

Заводлив. Дрвен. Цветен.

Врвни ноти: Бергамот и дива модра слива. Зачинетата нијанса на розовиот пипер додава неочекуван акцент на провокативна мистерија.

Средни ноти: Ексклузивниот егзотичен бел воден крин цвета со неодолива заводливост. Опкружен со провокативниот букет од ноќни цвеќиња – ноќен јасмин и црвена роза, срцевината зрачи со мистериозна страст.

Основни ноти: Како што се развива мирисот, топлиот заводлив мошус нé фрла во луксузно искушение. Хипнотичката есенција на рафнираната срцевина од пачули и фасцинантните кокосови дрвја е комбинирана за да остави магнетна трага на неодолива привлечност.

Измешај ги заедно за комплетно нов мирис, комплетно нова ТИ.

izrazi-gi-mnogute-strani-na-tvojata-licnost-so-eve-duet-prviot-dvoen-parfem-od-avon-za-beskonecni-mirislivi-moznosti-04.jpg

izrazi-gi-mnogute-strani-na-tvojata-licnost-so-eve-duet-prviot-dvoen-parfem-od-avon-za-beskonecni-mirislivi-moznosti-05.jpg

Би можело да ве интересира:

5 машки парфеми од LIDL кои се копија на познатите светски мириси, а чинат помалку од 10 евра (фото)... Парфемите што се продаваат во LIDL се всушност копија на скапите парфеми на позн...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
13 работи (во изгледот) од кои ниту една жена не треба да се срами Влакненца како „мов“ на брадата и надусниците е само една од работите за кои сов...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
„Го открив парфемот на ZARA заради кој мажите ме застануваат на улица за да разговараат со мене“ „Заради овој парфем мажите буквално ме запираат на улица. Неверојатно е“ – девој...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg