5 знаци дека купувате шминка која не ви одговара

Основната намена на шминката е да ги скрие недостатоците, а да ги истакне убавите црти на лицето. Доколку не ја исполнува таа задача, тогаш време е да ја промените, набавувајќи си козметички производи кои навистина ви прилегаат.

5-znaci-deka-kupuvate-shminka-shto-ne-vi-odgovara-1.jpg

А, петте знаци кои ќе ви откријат дали купувате и користите погрешна шминка се:

1. Пудрата се гледа

Нема ништо полошо од видливи траги на пудра долж работ на лицето, што е во сосема поинаква нијанса од вратот.

5-znaci-deka-kupuvate-shminka-shto-ne-vi-odgovara-2.jpg

Ова е еден од најчестите проблеми при шминкањето, но и причината поради која жените неретко и се откажуваат од пудрата.

Потребно е само да издвоите малку време за да ја пронајдете совршената нијанса, или, пак, да побарате совет од визажист или професионалец во дрогериите. Со пудра која му одговара на вашиот тен, линиите веќе нема да ги има.

5-znaci-deka-kupuvate-shminka-shto-ne-vi-odgovara-3.jpg

2. Маскарата се рони

Добрата маскара би требало да остане на вашите трепки во текот на целиот ден.

5-znaci-deka-kupuvate-shminka-shto-ne-vi-odgovara-4.jpg

Воедно, не би требало ниту да остави црни траги околу очите. Ако маскарата секогаш ви се рони и размачкува по остатокот од лицето, време е да ја фрлите во ѓубре, а да инвестирате во некоја со подобар квалитет.

Освен ако не сакате да изгледате како да сте заспале со шминка претходната вечер, па такви сте излегле од дома следното утро.

5-znaci-deka-kupuvate-shminka-shto-ne-vi-odgovara-5.jpg

3. Коректорот не ја исполнува својата цел

Главната цел на коректорот е да ги скрие подочниците, односно  да ги „излаже“ другите дека добро сте се наспале.

5-znaci-deka-kupuvate-shminka-shto-ne-vi-odgovara-6.jpg

Меѓутоа, производот кој ви одговара во дваесеттите, веројатно нема да биде добар и во триесеттите или четириесеттите. Годините оставаат траги на лицето, исто како и стресот и недостатокот на сон, а брчките се продлабочуваат.

Ако коректорот не ги прекрива темните кругови околу очите, туку само се таложи во наборите, тоа е јасен знак дека ви треба нов производ. Денес постојат мноштво опции, помеѓу кои сигурно ќе ја пронајдете таа што е создадена токму за вас.

5-znaci-deka-kupuvate-shminka-shto-ne-vi-odgovara-7.jpg

4. Пудрата не прекрива ништо

Додека сте млади, пудрата ви е потребна за изедначување на тенот и прекривање на повремените мозолчиња.

5-znaci-deka-kupuvate-shminka-shto-ne-vi-odgovara-8.jpg

Но, како што стареете, така и деловите на кожата попримаат црвеникава нијанса, а доаѓа и до дисколорација, па неопходна ви е пудра која ќе ги прекрие сите маани.

Веќе не помагаат лесните текстури кои сте ги користеле во раните дваесетти, туку производ со погуста формула.

5-znaci-deka-kupuvate-shminka-shto-ne-vi-odgovara-9.jpg

5. Моливчето за очи се размачкува

Ако цел живот мака мачите со моливчето за очи, кое ви се размачкува пет минути после нанесувањето, тоа значи и дела цел живот купувате лоши моливчиња.

5-znaci-deka-kupuvate-shminka-shto-ne-vi-odgovara-10.jpg

Верувале или не, моливчето може да трае цел ден, а најсигурен избор се водоотпорните.

Грешите и доколку ја нанесувате истата нијанса од средно училиште, бидејќи она што ви прилегало тогаш, нема нужно да ви ласка и во доцните дваесетти или триесетти.

Осмелете се да испробате некоја нова нијанса, бидејќи големи се шансите дека пријатно ќе се изненадите.

5-znaci-deka-kupuvate-shminka-shto-ne-vi-odgovara-11.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...
Широки колкови, дупка меѓу забите: Стандардите за убавина на жените низ земјите во светот Во Јапонија жената е привлечна ако има светол тен и ситни очи, во Доминиканската...
Јога за лице: 3 вежби со кои ќе ги намалите брчките Во нашата потрага по младешки изглед, сите сме пробале различни третмани за убав...
Како да ја искористите тиквата во рутината за убавина + кои се здравствените придобивки? Пилинг за тело, маска за мрсна кожа, но и маска за педикир - за што сè можете да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg