5 предлози за брзи утрински фризури со пегла

5-predlozi-za-brzi-utrinski-frizuri-so-pegla-001.jpg

Секоја жена сонува за утро во кое ќе се погледне во огледало и задоволна ќе излезе од дома без многу потрошено време за средување на косата. Во зимските денови не е лесно да се одржува косата здрава и сјајна, а уште потешко e да се направи посакувана фризура. Сепак, зимата и не е најголемиот непријател на жените кога станува збор за посакуваната фризура, бидејќи утрата се оние кои знаат да бидат вистински пекол. Кога брзате наутро за да стигнете на време на работа, сигурно ја одбирате најбрзата варијанта на фризура која ќе одговара со вашиот целосен изглед.

Пеглата за коса за секоја жена претставува скапоцен и незаменлив додаток во нејзиното секојдневие, која што овозможува бескрајни и уникатни фризури без многу мака. Пеглата за коса не служи само за исправување на косата, туку со неа може на многу начини да се екпериментира и да се постигнат совршени фризури за кратко време. Но, главен проблем кај повеќето пегли за коса е тоа што поради неконзистентноста на температурата на плочките на пеглите, потребно е повеќе пати да поминете ист прамен, што на крајот, најчесто предизвикува оштетување на косата и распукување на врвовите.

5-predlozi-za-brzi-utrinski-frizuri-so-pegla-1.jpg

Но, затоа тука е серијата на Philips производи од линијата SublimeEnds, односно пегла за коса и фигаро кои ја поседуваат специјалната SplitStop технологија која ја штити косата и го намалува распукувањето на врвовите и до 95%!  Дополнително, Philips Sublime Ends пеглите за коса поседуваат  керамички плочки и јонизирачкa грижа, па затоа вашата коса ќе изгледа сјајно и здраво по пеглањето.

Во продолжение се неколку брзи фризури за секое утро, за неверојатен изглед кој ќе ве стави во центарот на вниманието со Philips пеглите за коса.

Права коса

5-predlozi-za-brzi-utrinski-frizuri-so-pegla-2-1.jpg

Ако сакате лицето да ви изгледа подолго и послабо, долгата испеглана коса е совршениот избор. За да имате сјајна права коса, не мора да го поминете секој прамен по десетици пати бидејќи тука се Philips SublimeEnds пеглите на кои специјално се дизајнирани за брзо стилизирање на косата со постигнување на голема топлина за неверојатно краток период помал од една минута. Најчесто во текот на пеглањето, температурата на повеќето пегли опаѓа затоа што косата ја апсорбира топлината. Токму ова  причината зошто е потребно повеќекратно поминување на прамените во нивниот долен дел, изложувајќи ја притоа косата на повеќе топлина која може да предизвика распукување на врвовите. Специјалната SplitStop технологија на Philips се грижи за вашата коса бидејќи температурата е константно иста, од коренот, па до врвовите. Воала – исправена коса со само едно поминување!

Брановидна фризура

5-predlozi-za-brzi-utrinski-frizuri-so-pegla-4.jpg

Полуисправени локни, како бранови, веќе некое време се голем хит. Нив можете лесно да ги направите и без четка или фигаро, само со помош на пегла. За оваа фризура ќе потрошите 5 минути. Кога ќе започнете со правење на локните, најнапред издвојте еден прамен, ставете ја пеглата неколку сантиметри подалеку од коренот, а потоа како што ќе пеглате надолу, нежно извртувајте го праменот. Завртувајте ја пеглата како што ќе ја спуштате низ праменот, сè додека тој не добие брановидна форма. Имајте на ум дека косата треба да е брановидна на надвор - од лицето, а не кон лицето.

Пунџа

5-predlozi-za-brzi-utrinski-frizuri-so-pegla-5.jpg

Пунџата спаѓа меѓу безвременските најсвечени облици на фризура, а модерната верзија со собрани прамени позиционирани на врвот на главата е вистински нов владетел на најелегантните секојдневни фризури со подигната коса. Високата пунџа не е воопшто тешка за правење а освен што го нагласува вратот и дава елеганција, таа подмладува, а како камелеон се прилагодува на секој облик на лице. Девојките и жените ги носат апсолутно во секоја пригода – од луди журки, концерти, па се до работа и отмена вечера во некој ресторан. За оваа фризура, не е задолжително користењето на пегла, меѓутоа за да ги “смирите” бебешките влакна кои се појавуваат насекаде, препорачуваме да користите пегла за коса.

Најнапред,  со пеглите од линијата на Philips SublimeEnds ќе ја испеглате косата, која ќе остане здрава, сјајна и без распукани врвови, а потоа прамените ќе ги кренете кон врвот на главата. Ќе направите опавче на врвот на главата и потоа лесно опавчето ќе го завртите во круг. Пунџата ќе ја зацврстите со неколку шноли. Од пунџата можете да ги пуштите шишките и со тоа ќе добиете модерна фризура која ви одземала само 5 минути од вашето драгоцено време наутро.

Локни

5-predlozi-za-brzi-utrinski-frizuri-so-pegla-2-2.jpg

За рано наутро да направите локни најпрво треба да не се грижите дали ќе имате доволно време за тие да изгледаат совршено. Започнете со пеглање на косата од коренот, свртете ја пеглата за 360 степени и повлечете нагоре. Ставете мала шнола за да ги прицврстите прамените на местото. Потоа испуштете ги сите прамени и исчешлајте ја косата со четка. Вашите локни ќе траат и неколку дена.

Мали бранови за кратка фризура

5-predlozi-za-brzi-utrinski-frizuri-so-pegla-8.jpg

Иако многумина велат дека кратката коса бара помало внимание, сепак кога ќе се разбудите наутро и имате само неколку минути да се подготвите за работа, тогаш ќе сфатите дека должината на косата не менува многу. За да добиете професионален изглед на кратката коса тогаш таа треба да ви биде права. Косата, која треба да ви биде права, поделете ја на прамени и започнете од близина на коренот, каде што секој прамен ќе го направите во форма Ѕ и ќе го притискате со пеглата. Завршете така што краевите ќе ви бидат свиткани, за да добиете совршени мали бранови.

Доколку ја обликувате вашата коса секојдневно или пак неколку пати неделно со пегла, вашата коса со текот на времето се оштетува поради континуираното изложување на висока температура при повторување на прамените.  Philips Sublime ends пеглите со SplitStop технологија, ќе ви овозможат нераспукани врвови, дури и при секојдневна употреба на пеглата.

Дознајте повеќе за Philips Sublime Ends производите овде >>>

Би можело да ве интересира:

Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg