Како до совршена коса без расцветани врвови со split-stop технологијата?

Колку од вас имаат проблем со расцветаните врвови на косата? Сите?

Без оглед на квалитетот на косата и нејзиното здравје, производите кои што ги користиме или пак квалитетот на фарбата, не постои жена која што нема мака со расцветаната коса. Истражувањата покажуваат дека, по опаѓањето на косата на прво место,  распукувањето на врвовите се вториот најчест проблем кај жените  Краевите на косата најмногу страдаат особено при фарбање, фенирање, пеглање и стилизирање. Голем број од нас и покрај редовните посети на фризер, честото одржување и шишање имаме проблеми со расцветаните врвови од косата кои прават косата да изгледа нездраво и неубаво.

kako-do-sovrsena-kosa-bez-rascvetani-vrvovi-so-split-stop-tehnologijata-1.jpg

Philips се потруди да го реши големиот проблем со расцветаните врвови на косата кај жените и успеа да ја развие уникатната SplitStop технологија која е дизајнирана да ги зачува врвовите на косата здрави до неверојатни 95%. Оваа технологија е вградена во пеглите и фигарата за коса и претставува вистинска револуција во стилизирањето на косата.

Фигарата на Philips од линијата SublimeEnds, BHB868 и BHB871 кои се изработени со SplitStop технологија овозможуваат фризури без страв од расцветување на врвовите на косата.

kako-do-sovrsena-kosa-bez-rascvetani-vrvovi-so-split-stop-tehnologijata-2.jpgСо помош на фигарата секоја жена лесно ќе добие цврсти локни, а нејзината коса која е изложена на температурата од 200 Целзиусови степени ќе остане здрава, сјајна и полна со волумен.

kako-do-sovrsena-kosa-bez-rascvetani-vrvovi-so-split-stop-tehnologijata-3.jpg

Проблемите кои се јавуваат при правењето на локни како претерано сушење на косата и нејзино горење, со помош на овие фигара на Philips стануваат минато поради керамиката и технологијата која што е вградена во нив. Керамиката е идеален спроводник на топлина, а нејзиното рамномерно распределување, овозможува безбедно обликување на косата и долготрајни резултати. Најновите фигара на Philips постигнуваат температура и до 210 Целзиусови степени за помалку од 60 секунди, што ќе ви овозможи брзо обликување на вашата коса, без повеќекратно поминување на еден ист прамен.

kako-do-sovrsena-kosa-bez-rascvetani-vrvovi-so-split-stop-tehnologijata-4.jpg

Освен во фигарата, новата технологија која ги чува здрави врвовите на косата, Philips ја вгради и во најновите пегли за коса. Пеглите од линијата Sublime Ends на Philips, BHS675 и BHS677 во себе ја содржат фантастичната SplitStop технологија. Пеглата за коса стана неопходна „алатка“ за обликување на фризурата. Тие се едноставни за употреба и овозможуваат за кратко време да го постигнеме саканиот изглед. Во минатото, пеглите имаа еден голем недостаток, ѝ штетеа на косата.

kako-do-sovrsena-kosa-bez-rascvetani-vrvovi-so-split-stop-tehnologijata-5.jpg

Најновите пегли на Philips се тука да го урнат тоа мислење. Тие имаат нежни керамички плочки кои спречуваат оштетување на косата, UniTemp сензор за спречување на прегрејување и горење на косата, а тука е и SplitStop технологија која го чува здравјето на косата и нејзините врвови. Дополнително, моделот на Philips пегла BHS677 и овозможува на косата јонска грижа која го спречува електризирањето на косата, и таа останува здрава и сјајна.

Дознајте повеќе за Philips  Sublime Ends производите овде>>>

Би можело да ве интересира:

Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Колку често може да ја фарбате и бланширате косата без (премногу) да ја оштетите? Понекогаш наједноставниот начин да го трансформирате вашиот изглед е со промена ...
Како да го забрзате растот на косата? Рецепти од природни состојки кои може да ги направите сами дом... Дали сте од оние луѓе кои пробале многу производи за брзо растење на косата, но ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg