Трикови за шминкање што ќе ви го променат животот

Ова упатство ќе ви помогне ако сакате пополни усни и визуелно поголеми очи без подочници.

7-trikovi-za-shminkanje-shto-kje-vi-go-promenat-zivotot-001.jpg

Нема многу работи што задоволуваат така како излегувањето од дома со мислата дека вашата шминка е совршена.

Денес ќе ви откриеме неколку трикови за шминкање, кои ќе ви ја олеснат утринската рутина:

Поткренување на очите

За да го постигнете овој ефект, повлечете тенка линија на горниот капак, која почнува од надворешната точка на веѓата и продолжува кон средината на вашето лице. Потоа нацртајте уште една тенка линија покрај долните трепки која продолжува кон горната линија.

Местото каде што двете линии се среќаваат е местото каде што сакате вашето моливче да биде закосено нагоре. Нанесете го моливчето само од половина око, а не од внатрешниот дел.

Исто така, можете да нанесете светла сенка за очи под надворешниот дел на окото за да ги маскирате сенките.

7-trikovi-za-shminkanje-shto-kje-vi-go-promenat-zivotot-01.jpg

Беспрекорна подлога

Прво матирајте ги масните делови од лицето. Нанесете мала количина пудра на вашето лице со помош на сунѓерче, фокусирајќи се на Т-зоната.

Нанесете коректор ако имате акни или црвенило на одредени делови од лицето. Тоа направете го врз пудрата со помош на четка.

На крај, нанесете камена пудра и руменило за беспрекорен изглед.

7-trikovi-za-shminkanje-shto-kje-vi-go-promenat-zivotot-02.jpg

Покријте ги темните кругови

Нанесете прајмер под очите со прстите. Потоа ставете коректор, кој е една нијанса посветол од вашата пудра за да ги осветлите подочниците.

Коректорот нанесувајте го со прсти, а потоа разнесете го кон работ на лицето со сунѓерче. Потоа нежно ставете малку пудра на овој дел со мека четка и на крај нагласете ги јаболкниците со пудра во прав, веднаш под подочниците.

7-trikovi-za-shminkanje-shto-kje-vi-go-promenat-zivotot-03.jpg

Пополни усни

Користете моливче за усни, кое има слична нијанса како вашата природна боја на усни. Цртајте по рабовите од усните, одејќи многу малку на страна за да направите да изгледаат поголеми. Наклонете го моливчето малку странично, задебелете ја внатрешноста на линијата и потоа користете четка за да го размачкате моливчето на усните.

Земете малку потемна нијанса на моливче и нанесете само на надворешните агли од усните за да додадете контура и визуелно да го зголемите.

Потоа земете хајлајтер и нанесете во централниот дел на усните. Користете четка за добро нанесување.

7-trikovi-za-shminkanje-shto-kje-vi-go-promenat-zivotot-04.jpg

Поголеми очи

Земете светла сенка за очи и нанесете ја под веѓите, на внатрешниот дел од окото и над капакот. Користете потемна, потопла нијанса на сенка на вашиот очен капак - ова прави окото да изгледа поголемо.

Нанесете некоја сенка со средна нијанса веднаш над капакот и под долните трепки.

На крајот нанесете моливче за очи во беж нијанса на внатрешната страна од долниот дел на окото и нанесете маскара.

7-trikovi-za-shminkanje-shto-kje-vi-go-promenat-zivotot-05.jpg

Подолги трепки

Нанесете темно моливче за очи на горната и долна линија со трепки на вашето око, фокусирајќи се на надворешните агли. За првиот слој, со вашата четкичка за маскара поминете до коренот на трепките и движете се од страна до страна со неа.

За вториот слој, само нанесувајте маскара вообичаено нагоре на вашите горни трепки.

Последниот слој нанесете го само на врвовите од трепките. За да избегнете згрутчување исчешлајте ги трепките со мало чешелче нанадвор.

7-trikovi-za-shminkanje-shto-kje-vi-go-promenat-zivotot-06.jpg

Мачкести очи

Користете моливче за очи за да креирате основа за тушот. Држете се блиску до линијата на трепките и одржувајте ја линијата тенка.

Потоа поминете по линијата со четка и нежно размачкајте. Кога ќе стигнете до аголот од окото, земете парче хартија, нежно залепете ја за него и користете ја како водич за да нацртате убава линија со туш.

Потоа над тушот нанесете црна сенка за очи со четка.

7-trikovi-za-shminkanje-shto-kje-vi-go-promenat-zivotot-07.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
5 совети како да ги нашминкате ситните очи (за да ги зголемите визуелно) Тенка линија со тушот, светла сенка или коректор на внатрешната страна на окото ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg