8 машки фризури кои го откриваат карактерот на мажот


8 машки фризури кои го откриваат карактерот на мажот

Фризурата е многу важен елемент според кој го стекнуваме првиот впечаток за лицето кое го запознаваме.

8-mashki-frizuri-koi-go-otkrivaat-karakterot-na-mazot-001.jpg

Иако мажите почесто се водат по практичноста на фризурата која ја носат, сепак и карактерот игра улога во нејзиниот избор.

Проверете дали е точно:

1. Долга коса

Мажите со долга коса имаат развиена фантазија и врзани се за минатото. Си посветуваат голема грижа на себе и својот изглед, бидејќи добро знаеме колку време треба за нега на долгата коса.

8-mashki-frizuri-koi-go-otkrivaat-karakterot-na-mazot-1.jpg

2. Кец на страна, тројка на средина

Оваа фризура ја одбираат мачо мажите, но и неверојатно љубоморните. Уште една заедничка карактеристика на овие мажи е што се свесни за својата харизма. Голем плус им е и хуморот со кој се надарени.

8-mashki-frizuri-koi-go-otkrivaat-karakterot-na-mazot-2.jpg

3. Нула

Се работи за интелигентни мажи кои сакаат да гледаат и планираат долгорочно. Не се воодушевуваат лесно од физичка привлечност. Знаат да останат доследни и лојални.

8-mashki-frizuri-koi-go-otkrivaat-karakterot-na-mazot-3.jpg

4. Патец на средина

Мажите кои одбираат патец на средина се вредни, упорни и никогаш не застануваат на патот кон успехот. За жал, лесно се вознемируваат.

8-mashki-frizuri-koi-go-otkrivaat-karakterot-na-mazot-4.jpg

5. Вертикално кренати шишки

Оваа фризура ја одбираат мажите кои по природа се фантазери, но често патат од блага носталгија и меланхолија. Генерално, сакаат да бидат во центарот на вниманието.

8-mashki-frizuri-koi-go-otkrivaat-karakterot-na-mazot-5.jpg

6. Средна должина со шишки на страна

Вечни романтичари. Згодни, атрактивни, имаат добра снаодливост за организација и сакаат да знаат се однапред. Привлекуваат само позитивни работи во животот и знаат како да ги искористат.

8-mashki-frizuri-koi-go-otkrivaat-karakterot-na-mazot-6.jpg

7. Кратка коса од страна, залижана на средина

Се работи за исклучително самоуверен маж. Секогаш се потпира на изгледот. Знае како да го одржи внатрешниот мир по секоја цена.

8-mashki-frizuri-koi-go-otkrivaat-karakterot-na-mazot-7.jpg

8. Репче

Повторно маж со голема самодоверба кој не се плаши од критики. Интелигентен и со интересен карактер кој не сите го разбираат.

8-mashki-frizuri-koi-go-otkrivaat-karakterot-na-mazot-8.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 фризури кои се најлесни за одржување На сите ни е јасна изреката дека косата е најубавиот украс на секоја жена, но си...
10 машки фризури кои ќе бидат популарни во 2017-та Наспроти класичните машки фризури кои никогаш нема да излезат од мода и оние кои...
7 работи кои жените мислат дека ги разубавуваат, а мажите не можат да ... Убавината на жените игра голема улога во очите на мажот и може да биде многу моќ...