Едноставни начини како природно да ги намалите брчките на лицето


Едноставни начини како природно да ги намалите брчките на лицето

Многу луѓе низ светот бараат природен начин за да ја направат нивната кожа млада и свежа.

ednostavni-nachini-kako-prirodno-da-gi-namalite-brchkite-na-liceto-01.jpg

На пазарот се нудат многу препарати за кои се вели дека имаат ефект, но сепак повеќето не сакаат да експериментираат.

Доколку сте и вие од тие кои на природен начин сакате да ја измазните кожата, постојат решенија.

Неколку совети и маски кои ќе ви ги намалат брчките и ќе ја направат вашата кожа совршена и сјајна:

Со цитрусна маска спречете го предвременото стареење

Потребно ви е:

  • 1 свеж лимон
  • 2-3 лажици мед
  • Памук

Подготовка:

Исцедете го сокот од лимонот и додадете го во медот. Ако имате многу нежна кожа, додадете и малку вода.

Начин на употреба:

Нанесете ја мешавината на лицето. Почекајте неколку минута додека се исуши и потоа отстранете целосно со вода. Повторувајте еднаш неделно.

Резултати:

  • Свеж изглед и побавна појава на брчки
  • Мазна и здрава кожа благодарение на витаминот Ц и Е
  • Еластична кожа и младолик изглед заради цитрусното овошје

ednostavni-nachini-kako-prirodno-da-gi-namalite-brchkite-na-liceto-02.jpg

Природна маска со морков и мед за свеж изглед

Потребно ви е:

  • 1 морков
  • 2 лажици мед

Подготовка:

Измијте го и исечкајте морковот. Ставете го во блендер, а кога сокот ќе биде готов, додадете мед и измешајте полека.

Начин на употреба:

Нанесете ја маската на лице и оставете 20 минути. Отстранете ја со вода целосно после 20 минути. Повторувајте двапати неделно.

Резултати:

  • Здрава кожа благодарение на антиоксидансите
  • Намалување на предвременото стареење и појава на нови брчки

ednostavni-nachini-kako-prirodno-da-gi-namalite-brchkite-na-liceto-03.jpg

Маска со која вратот и градите ќе изгледаат помладо

Потребно ви е:

  • 10 ml маслиново масло
  • 3 капсули витамин Е
  • 3 g вазелин

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во сад и измешајте добро. Загрејте го садот така што умерено ќе се загрее и смесата. Оладете. Ставете ја содржината во нов сад.

Начин на употреба:

Нанесете ја кремата на вратот и градите пред спиење, секоја вечер.

Резултати:

  • После 2 месеца, вратот и градите ќе изгледаат свежо и  младо
  • Еластична кожа

ednostavni-nachini-kako-prirodno-da-gi-namalite-brchkite-na-liceto-04.jpg

Подмладете ја кожата со домашна маска

Потребно ви е:

  • 2 лажици овесни снегулки
  • 1 лажица мед
  • 2 лажици сок од јаболка
  • 2-3 капки розова вода

Подготовка:

Ставете ги сокот од јаболка и медот во сад. Стоплете ги во микробранова додека медот не се стопи. Додадете ги овесните снегулки и полека мешајте. Додадете ја розовата вода и повторно измешајте. Оставете маската да се излади.

Начин на употреба:

Нанесете ја маската на чисто лице и врат. Оставете 15 минути, а потоа со млака вода исплакнете го лицето. Веднаш потоа исплакнете со ладна вода.

Резултати:

  • Намалување на појавата на нови брчки
  • Еластична и мека кожа

ednostavni-nachini-kako-prirodno-da-gi-namalite-brchkite-na-liceto-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

2 едноставни начини да ги стегнете опуштените гради Некои жени се горди на своите гради, други се срамат од нив, но нешто што ниту е...
Брза маска за лице што заменува цел СПА третман Се будите наутро и прво што забележувате е дека кожата на лицето изгледа уморно,...
Како да се грижите за вашето лице во 20-тите со многу малку труд? Вашата кожа која сè уште изгледа многу младо е вашиот најголем дар во 20-тите, н...