Здравје
Јазикот, усните, ноктите откриваат дали сте здрави

jazikot-usnite-noktite-otkrivaat-dali-ste-zdravi-povekjeКаква боја е вашиот јазик? Одговорот на ова прашање може да даде доста информации за вашето здравје. Погледнете зошто е важна бојата на јазикот, усните...


...и белките во очите, како и зошто треба да внимавате на веѓите.


1. Јазикот

jazikot-usnite-noktite-otkrivaat-dali-ste-zdravi-1

Што е здраво: црвенкасто розова боја

Што не е здраво: Бела, сива или кафена боја. Може да е резултат на бактерии или проблеми со желудникот. Ако по целиот јазик имате бел слој можно е да сте дехидрирани.

Помош: Со четка за заби нежно отстранете ги наслагите од јазикот. Ако бактериите се размножат повторно, посетете лекар. Ако ви е сува устата, пијте повеќе вода.


2. Очи

jazikot-usnite-noktite-otkrivaat-dali-ste-zdravi-2

Што е здраво: сјајни белки, мазни капаци.

Што не е здраво: Црвени, осетливи белки. Може да укажуваат на намалена влажност на окото како резултат на хормонални промени или апчиња за контрацепција кај жените. Или предолго гледате во мониторот?

Жолтеникава белка може да укажува на проблеми со црниот дроб, како што е хепатит.

Црвени капаци и чешање се јавуваат како резултат на инфекции и алергии.

Помош: Ако имате суви очи консумирајте два пати дневно рибино масло, користет вештачки солзи и навлажнувач за воздухот во зима.


3. Усни

jazikot-usnite-noktite-otkrivaat-dali-ste-zdravi-3

Што е здраво: Нешто поцрвени од тонот на вашата кожа.

Што не е здраво: Необично бледи усни укажуваат на недостиг на железо. Ранички на краевите на усните се резултат на недостаток на витамин Б12.

Помош: И железото и витамините ги има во месото и млечните производи. Железото може да се најде во грашокот и темно зелените зеленчуци.


4. Веѓи

jazikot-usnite-noktite-otkrivaat-dali-ste-zdravi-4

Што е здраво: Еднаков раст по целата должина.

Што не е здраво: Истенчување на веѓите. Ако не сте ги исчупале вие самите, недостатокот на веѓите може да биде последица на болести на штитната жлезда.

Помош: Посетете лекар и проверете ја работата на штитната жлезда.


5. Нокти

jazikot-usnite-noktite-otkrivaat-dali-ste-zdravi-5

Што е здраво: Цврсти нокти во бојата на кожата.

Што не е здраво: Ако ноктите се кршливи, ова може да е последица на стрес. Зелените промени често се врзани со инфекции, а модри со циркулацијата. Недостатокот на хранливи материи се рефлектира со бели точки и бразди по ноктите.

Помош: Обидете се ноќе да спиете барем 7 часа. Освен тоа, внимавајте на исхраната.

CRNOBELO.com има уште многу интересни содржини:
СМС пораки против депресијаСМС пораки против депресија...
Знаеме дека за време на зимскиот период деновите се пократки, а ноќите се подолги. Нова шема, која се потпира на СМС пораките може да помогне во....
Јогурт за побрзо слабеењеЈогурт за побрзо слабеење...
Бројни студии покажале дека исхрана со намалено внесување на калциум доведува до зголемено дебелеење бидејќи масните клетки стануваат... ...
Витамини за лечење акниВитамини за лечење акни...
И покрај тоа што поголем број луѓе имаат проблеми со акните, малкумина се трудат да го спречат нивното повторно јавување. Повеќето оставаат телот...
Коментари (3)Add Comment
...
напишано од BeybeYea, 27 February 2012
hahahha smesno
...
напишано од BeybeYea, 27 February 2012
hahahha smesno
...
напишано од aa, 28 January 2012
bel sloj na jazikot moze da e od mnogu jadenje mlecni proizvodi

Напиши коментар
помало | поголемо

busy
 


Гледајте онлајн

Слушајте онлајн

Онака

" Тие што даваат имаат сé; тие што задржуваат немаат ништо. "
Хиндуска поговорка