|
Ако работата ви одзема многу време, па не стигнувате редовно да вежбате, тоа не значи дека не можете да ја држите телесната тежина под контрола.
Неколку вежби кои се соодветни за изведба во канцеларија можат да ви помогнат да останете во форма.
Кревајте ги колената Калории можете да трошите и кога седите цел ден. Со наизменично подигнување на колената под работната маса неколку сантиметри над подот ќе ги затегнете мускулите на нозете и ќе се истегнете, што спречува појава на грчеви.

Стегнете ги стомачните мускули Стомачните мускули можете да ги тренирате и додека стоите, а најдобро од сè е што никој нема да знае дека го правите тоа. Стегнувајте ги и опуштајте ги стомачните мускули во интервали од по неколку секунди.
Движете се додека телефонирате Позитивната страна на работата која од вас бара често да телефонирате е во тоа што можете дополнително да согорите калории. Следниот пат кога некој ќе ве повика, станете и шетајте додека разговарате.
Џвакајте мастика Додека седите покрај компјутерот нема да ви пречи ако џвакате мастика. Покрај тоа што ги активира мускулите на вилицата, мастиката ве спречува да посегнете по грицки, а според некои истражувања ја подобрува и концентрацијата.
Девојки, носете штикли Иако често носењето на штикли не е добро за `рбетот, штиклите можат да ви ги затегнат мускулите на нозете и дополнително да потрошите некоја калорија. Одењето на високи потпетици ги активира мускулите многу повеќе отколку кога носите патики. Почесто станувајте Кога и да имате можност да станете на работа, искористете ја. На тој начин ќе се истегнете и ќе се размрдате.
CRNOBELO.com има уште многу интересни содржини: Нема магично апче...Корисниците на АЛИ, првото апче за слабеење одобрено за продажба во САД, откриваат дека всушност овие апчиња не се магична замена за вежбањето и ... Со пушење до 17 вида на рак...Ракот веќе во 2010 година би можел да биде главната причина за смртност во светот, поголема и од кардиоваскуларните болести, а најчести...
... Киви за низок притисок...Универзитетот во Осло препорачува да конзумирате егзотични овошја, поготово оние лица кои имаат проблем со високиот притисок. Веќе е познато дека...
 |