Најдобрата диета за поранешни пушачи

najdobrata-dieta-za-poranesni-pusaci

Кога пушачот ги остава цигарите, тој се свртува на храната. Не знае како да се справи со силната никотинска криза, ниту со што да ги ангажира рацете.

Грицкањето звучи како добро решение! Наместо со цигари, поранешниот пушач посегнува по храната која ќе му дојде до рака. Баш така се множат килограмите.

Нутриционистите советуваат тие нервозни моменти да не се лечат со кикирики и чипс, туку да се земаат гуми за џвакање без шеќер или да се земе јаболко.

Во кризните моменти земете лажиче мед од лаванда или рузмарин, кои го смируваат организмот.

Прв ден
Ручек: чорба од зеленчук (грав, грашок, морков, брокула); телешки бифтек на скара; диња.
Вечера: салата од домати и краставица; ракчињана скара; портокал.

Втор ден
Ручек: супа од зеленчук; свинско филе со пире компир; праска.
Вечера: зелена салата со оцет; туњ на скара со соја сос и интегрален ориз; крушка.

najdobrata-dieta-za-poranesni-pusaci-1

Трет ден
Ручек: свинска кременадла со печени тиквички; интегрална кифла; ананас.
Вечера: салата од свеж зеленчук; кајгана со шампињони; три парчиња тост.

Четврти ден
Ручек: чорба од зелка, компир и главичка кромид; свинска кременадла со печени тиквички; овошен куп.
Вечера: салата од домати, грашок со месо; компот од сливи.

najdobrata-dieta-za-poranesni-pusaci-2

Петти ден
Ручек: чорба од риба со три лажици варен ориз; лигњи во лук; јаболко.
Вечера: тортиља од спанаќ; мандарини.

Шести ден
Ручек: пилешки ражниќи со зеленчук (модар патлиџан, тиквички и црвена пиперка); три парчиња тост; сок од цеден портокал.
Вечера: 100 грама варен компир; 100 грама младо сирење; крушка.

Седми ден
Ручек: бело пилешко месо на скара и интегрален ориз; зачинети печени пиперки; овошен јогурт.
Вечера: пире од морков и тиквичка; ослич; малку свеж ананас.

Би можело да ве интересира:

Кои минерали се неопходни за нашето здравје и која е нивната улога во организмот? Додека железото помага во создавањето на црвените крвни зрнца, калциумот е неопх...
„8 месеци пиев јаболков оцет наутро – Како тоа ми помогна со синдромот за полицистични јајчници?“ „Се чувствував како да имам многу повеќе енергија, немав проблеми со подуеност, ...
Која храна да ја јадете, а која да ја избегнувате ако имате анемија? Додека храната богата со железо е одлична за лицата со анемија, постојат намирни...
Грчеви, висок притисок - Што се случува со телото ако претераме со одредена храна? Морковите се богати со бета-каротен, портокалов пигмент кој подоцна се претвора ...
Кои се најчестите симптоми на алергија на храна и кога можат да бидат опасни по живот? Алергијата на храна кај повеќето луѓе предизвикува благи симптоми, како чувство ...
Храна што треба да ја избегнувате ако имате срцеви палпитации, според кардиолог Иако во повеќето случаи срцевите палпитации се безопасни, сепак е препорачливо д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg