Објавете му војна на целулитот

objavete-mu-vojna-na-celulitot-povekjeДебелината не е секогаш причинител за појава на целулит - многу луѓе со поголема тежина немаат целулит, а многу слаби пак го имаат. Сепак, вишокот...

 

...наслаги - поготово околу бедрата и на задникот - го прават целулитот видлив. Затоа намалете ја телесната тежина и ограничете го внесувањето на масна храна.

Масната процесирана храна, како што се колбасите, сирењето, кексите и колачите, се посебно лоши. Често се преполни со адитиви, соли или засладувачи кои доведуваат до презаситеност на телото со токсини.objavete-mu-vojna-na-celulitot

Во борбата против целулитот може да ви помогнат масните риби како лосос и харинга. Масната риба содржи масна киселина која помага на вашето тело, го подобрува метаболизмот и доведува до губење на мастите и целулитот.

Орасните плодови се уште еден одличен избор на масни киселини и полни со влакна. Храната богата со влакна е корисна затоа што помага во исфрлање на токсините.

Истражувањата говорат дека кофеинот може да го влоши проблемот со целулитот заради своето влијание на циркулацијата и доведување кислород и хранливи материи во кожното ткиво. Затоа ограничете го внесувањето на  кафе, чај и кока кола. Нека бидат најмногу две чаши на ден.

Избегнувајте пушење и алкохол затоа што тие го збогатуваат телото со токсини, а алкохолот е и полн со шеќери.

За крај, потполно исфрлете го шеќерот од вашата исхрана. Toj го успорува производството на колаген во кожата па затоа е корисно да го исфрлите од употреба, а со тоа ќе ги намалите борите и целулитот. Добро внимавајте на декларацијата на храната затоа што шеќерот го има речиси секаде - во муслите, разните сосови за тестенини, јогурти.

 

Би можело да ве интересира:

Дали треба да пиете суплементи со витамин Д во есен и зима? Во постудените месеци, кога денот е пократок, минуваме помалку време на отворено...
10 суптилни знаци дека можеби имате проблеми со тироидната жлезда Помалку влакна на телото од вообичаено, анксиозност, но и зголемен апетит – неко...
Марија Костовска за депресијата: „Посетив 2 психолога, но ми помогна молитвата и постот од 7 дена бе... „Јас посетив два психолога. Видов дека еден не ми помага, па реков ќе видам уште...
Трендови за здравје од 2025-та кои не се баш здрави, според експерти Опседнати сте со внесот на протеини, пиете многу суплементи, пробувате да му нап...
Зошто одредени лекови се пијат со храна? Ако на упатството од лекот пишува да се зема со храна, препорачливо е да го испи...
Храна и суплементи што треба да ги ограничите ако примате терапија за хипотироидизам Некои суплементи, како железо и калциум, можат да имаат влијание врз апсорпцијат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg