Диета со половина лимон дневно

Вашето тело бара внесување на здрава храна и редовни вежби за да ги намалите килограмите на здрав и сигурен начин.

dieta-so-polovina-limon-dnevno

Но, за губење на килограмите потребно е здраво варење на храната за калориите да се потрошат, а телото да ги искористи вредните супстанци од храната. Ако вашиот систем за варење не функционира како што треба, повеќето обиди за слабеење ќе бидат многу побавни.

Сокот од лимон има висока концентрација на лимонска киселина која го стимулира системот за варење и помага при намалување  на дејството на јаглените хидрати.

Чекор 1
Исечете го лимонот на половина и исцедете ја половината во чаша од 2.5 dl. Додајте вода на собна температура. Собната температура е важна затоа што значи дека вашето тело нема да вложи дополнителен напор за загревање на сокот и може да започне веднаш со варење на лимонадата. Колку е постудена водата ќе треба подолго време за да започне варењето.

Чекор 2
Добро измешајте ја лимонадата во чашата и испијте ја чашата одеднаш. Важно е лимонадата да ви биде првата работа која ќе ја испиете наутро бидејќи така ќе има најдобро дејство.

Чекор 3
Втората половина од лимонот завиткајте ја во пластична фолија и ставете ја во фрижидер за наредното утро.

Чекор 4
Секое утро напијте се незасладена лимонада според рецептот, пред појадокот. На тој начин вашиот метаболизам ќе започне пред да внесете калории во организмот.

Добро е да се знае: Лимонадата сама нема да доведе до поголеми резултати. Таа го забрзува губењето на килограми, но само ако помалку јадете и повеќе се движите.

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg