Брза диета со одличен ефект

Бидејќи топлите денови се сè поблиску, сè повеќе се обидуваме да симнеме некој килограм. Но, оваа замисла може да ви создаде голема главоболка бидејќи летото е навистина близу, а вие немате идеја од каде да започнете со здравата исхрана.

brza-dieta-so-odlicen-efekt-01

Но, не грижете се. За само една недела ќе успеете да ги облечете вашите омилени шорцеви и бикини. Се прашувате како?

Оваа диета трае седум дена, а крајните резултати се губење на 5 до 6 килограми. Ова е начинот на исхрана кон кој треба да се придржувате.

Прв ден
Јадете само овошје, освен банана. Можете да јадете колку што сакате и да комбинирате овошни салати колку сакате.

Втор ден
Јадете исклучиво зеленчук кој може да биде свеж, варен или конзервиран. Исклучиво избегнувајте го грашестиот зеленчук. Најмногу се препорачува зелен и лиснат зеленчук во комбинација со малку зачини, но без масло.

Трет ден
Јадете и овошје и зеленчук, односно може да припремите и ваква супа: исечканиот зеленчук прелијте го со вода и варете го на висока температура околу 10 минути, а пото намалете ја температурата и варете сè додека зеленчукот не омекне. На крај додадете зачини по желба.

Четврти ден
Јадете максимум три банани, пијте безмасно млеко и повторно подгответе си супа каква што подготвивте претходниот ден.

Пети ден
Јадете повторно супа, за еден оброк подгответе си 200гр говедско месо и 6 свежи домати во текот на денот. Месото мора да биде печено или варено, во никој случај не го пржете во масло.

Шести ден
Повторно комбинирајте ја супата со 400 грама говедско месо и зеленчук по ваша желба.

Седми ден
Прехраната е слична на шестиот ден, со тоа што месото ќе го замените со 400 грама интегрален ориз.

brza-dieta-so-odlicen-efekt-02

Оваа диета може да ја повторувате преку неколку седмици за подобри резултати. Алкохолот, засладените сокови и млекото се забранети, но мора да пиете по два литри вода или незасладен чај во текот на денот.

Голема предност ќе имате доколку ја комбинирате со дневна активност или пак неколку минутни вежби по свој избор.

Би можело да ве интересира:
Предности и маани на малите градиПредности и маани на малите гради...
Девојките кои имаат мали гради постојано посакуваат големи гради. Но, има ситуации во кои дури и дев...
4 навики кои треба да ги избегнувате на работното место4 навики кои треба да ги избегнувате на работното место...
Како да не е доволно страшно што треба осум часа да седите на стол пред компјутер, па и многу дополн...
Годишен хороскоп за 2014 година – СкорпијаГодишен хороскоп за 2014 година – Скорпија...
Одлучни сте работите да се одвиваат онака како што сте замислиле. Ако не биде така, ќе се смешкате о...

Препорачано од Facebook