Најчести грешки во борба со целулитот
Целулитот е вечна тема која ја мачи женската популација, а со доаѓањето на летото започнува и борбата со невкусно набраната кожа. Ако сте решени да му објавите војна на овој непријател, еве неколку совети и факти кои ќе ви помогнат.

Целулитот се создава заради дебелината
Неточно. Целулитот претставува оштетено масно ткиво, а причина за тоа е недоволна циркулација во одредени делови на телото. Докторката Елизабет Данси, авторка на книгата „Тhe Cellulite Solution“ , објаснува зошто оваа појава повеќе ги зафаќа жените од мажите и како заробените масни ќелии напукнуваат под кожата и таа добива набран изглед кој потсетува на кора од портокал.
Целулитот е наследен
Точно. Баш како и многу други болести и состојби, така и целулитот има генетски наследни особини. Сепак, на појавата на целулит во голема мера влијае и исхраната, стилот на живот и хормоните. Ако вашата мајка или баба имаат целулит, многу е веројатно дека ќе го имате и вие, па затоа со време почнете да внимавате на начинот на живот.
Жените со прекумерна тежина се склони кон создавање целулит
Ова е една од најчестите заблуди за целулитот, бидејќи испитувањата покажуваат дека 80 % од жените имаат целулит, без разлика на тоа дали се слаби или дебели. Многу од топ моделите признаваат дека се во константна борба со целулитот. Битно е само да не правите драстични разлики во качување и симнување на килограмите, за да не ви се растегнува кожата.
Целулитот и годините се поврзани
Точно. Целулитот почнува да се формира во пубертет, кога расте нивото на естроген. Како старееме, најчесто сме се помалку активни, имаме вишок килограми, а кожата станува потенка. Сè на сè – идеални услови за создавање целулит. Освен вежбање, за да спречиме појава на целулит треба да го исфрлиме никотинот, алкохолот и кофеинот од употреба.

Водата помага во борба со целулитот
Иако е здраво да се пие вода, сепак таа не помага во борба со целулитот. Водата е корисна за нашата кожа да изгледа свежо, а може да ви користи и за масажа при туширање.
Вежбањето помага во борба со целулитот
Точно. Вежбањето ни помага да ја подобриме циркулацијата, ги тонира мускулите и ги исфрла штетните материи од нашето тело. Заради тоа нашата кожа изгледа поубаво и затегнато. За да го постигнете овој ефект најдобро е да одберете аеробни вежби и да вежбате од 3 до 5 пати во неделата. Тоа би можело да биде возење на велосипед, стомачни вежби, класичен аеробик, чучњеви и вежби за нозе.
Здравата исхрана ја спречува појавата на целулит
За жал, ни ова не е сосема точно. Здравата исхрана е секогаш вистински избор, но тоа не е гаранција дека нема да ви се појави целулит. Храната богата со антиоксиданси ги неутрализира слободните радикали кои се меѓу другото и причинители на целулитот, па во таа смисла секако дека помага, но не гарантира дека сепак нема да ви се појави.
Липосукцијата сигурно помага
Ни ова не е точно! Дури и ако можете да си го дозволите овој скап третман, ризичен е и е многу трауматичен, а целулитот може подоцна да ви се појави повторно ако не внимавате на исхраната и начинот на живот.
