Мед и цимет - лек за сè!

Мешавината на мед и цимет со векови се сметала како лек за секоја болест. Некогаш се верувало дека оваа совршена комбинација може да го врати видот на слепите, па дури и да ги оживее мртвите.

med-i-cimet-lek-za-se-01

Денес, овој метод на источните народи се смета за најблаготворен дар на природата и овој еликсир со векови се користи за лечење на сите болести.

Постојат разни начини на кои се подготвува оваа мешавина во зависност од тоа за кој здравствен проблем станува збор.

Срцеви болести – Направете смеса од мед и цимет и намачкајте на леб. Овој оброк може да го јадете секојдневно како појадок. Го намалува холестеролот во артериите и го спречува срцевиот удар. Редовната употреба го намалува губењето на воздухоѕ и го зајакнува срцето. Комбинацијата на мед и цимет исто така има ревитализирачко дејство врз крвните садови.

Помага кај рак на желудникот – Пациентите кои страдаат од овој тип на рак треба да јадат лажица мед помешана со лажица цимет во прав и тоа секојдневно, три месеци.

Артритис – Додајте две лажици мед и една лажица цимет во врела вода. Ако овој напиток го пиете редовно, можете да го излечите хроничниот артритис. Болките се ублажуваат по само 2 седмици користење.

med-i-cimet-lek-za-se-02

Холестерол – Помешајте две лажици мед и три лажици цимет во половина литар вода. Оваа смеса ќе ја намали количината на маснотии во крвта.

Инфекции на мочниот меур – Помешајте две лажици цимет и една лажица мед во млака вода и пијте неколку пати во неделата. Тоа ги уништува бактериите во мочниот меур.

Инфекции на кожата – Промешајте мед и цимет, смесата ставете ја на кожата која е зафатена од инфекцијата и држете ја околу 30 минути. Потоа исплакнете со топла вода.

Настинки – Оние кои патат од чести настинки треба еднаш дневно во текот на три дена да консумираат една лажица мед со ¼ лажица цимет. На овој начин ќе се ослободите од кашлањето, постојаното кивање и болките во синусите.

Рецепт за долговечност – Верувајте дека секојдневното консумирање на мед и цимет може да го продолжи вашиот живот. Мешајте четири лажици мед, лажица цимет и три шолји вода, провријте ја течноста и консумирајте ја наместо утринско кафе. Вашата кожа ќе биде мека, свежа, а и ќе го одложите настанувањето на брчки.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg