3 главни причини за дебелеење во лето

Во лето сме поактивни отколку во зима поради убавото и сончево време кое не тера на прошетки и дружење надвор од четирите ѕида. Но и покрај движењето и помалку калоричната храна за време на годишните одмори повеќето се враќаат со некој килограм повеќе.

3-glavni-pricini-za-debeleenje-vo-leto-01

Ако сеуште не знаете зошто се случува тоа откријте ги трите главни причини за дебелеењето во лето.                 

1. Излежување
Летното бегање од секојдневието е главната причина за летното дебелеење. Патувањето од соништата делува многу порелаксирано, но токму во таквиот начин на живот, за време од две до три седмици, се крие вистинскиот виновник.

Иако можеби сте планирале секојдневно да пливате и да учествувате во бројни случувања како разгледување на знаменитости и излети, повеќето се одлучуваат да се излежуваат на плажа и за лесен одмор во некоја лежалка покрај вкусната скара.

2. Исхрана
Повеќето на одмор одат со намера кујнските работи да ги остават далеку зад себе. Всушност таквиот одмор од готвење и приготвување на храна може да биде клучен за добивање на несакани килограми.

Специјалитетите на скара, брзата храна во паузата помеѓу капењето и сончањето, но и посластиците како сладоледот и колачите се всушност калории кои двојно се внесуваат отколку кога би биле дома.

3. Алкохол
Покрај сонцето, морето и доброто друштво, одлично прилега и по некоја чашка алкохол. Освен што алкохолот сам по себе предизвикува зголемување на килограмите, освежителните и благи коктели кои ги пиете во дебела сенка или на забавите на плажа се калориски бомби.

Со оглед на тоа дека со пијалакот одлично одат и солените грицки, комбинацијата на овие две забавни, но нездрави навики се вистински „собирачи“ на калории.

Би можело да ве интересира:

Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Кои минерали се неопходни за нашето здравје и која е нивната улога во организмот? Додека железото помага во создавањето на црвените крвни зрнца, калциумот е неопх...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Кои се најчестите симптоми на алергија на храна и кога можат да бидат опасни по живот? Алергијата на храна кај повеќето луѓе предизвикува благи симптоми, како чувство ...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg