Најголемите грешки кои се прават за време на диетата

Многу работи што мислиме дека ги знаеме за диетата не се точни, па не ги добиваме саканите ефекти.

najgolemite-greski-koi-se-pravat-za-vreme-na-dietata

Затоа научниците побиле неколку главни правила на диетата.

Прескокнете го појадокот ако сакате

Едно од најпознатите правила е дека појадокот не смее да се прескокне. Вистина е дека ниту еден оброк не е најважаен. Најважно е да се внесат онолку калории колку што му се потребни на организмот во текот на денот.

Во ред е ако вечерата ви е обилна

Неколку различни истражувања за тоа дошле до ист заклучок: времето во кое јадете не е важно. Нема да се здебелите ако јадете доцна навечер – тоа ќе се случи само ако јадете премногу навечер.

Бројот на оброци не делува на метаболизмот

Се препорачува да се јадат повеќе помали оброци во текот на денот. Но, француските истражувачи дошле до заклучок дека таквиот начин на исхрана не дава подобри резултати.

Внесувајте јаглени хидрати

Јаглените хидрати долго време се сметани како главни виновници за дебелеењето. Меѓутоа, ако ги исклучите потполно, хормоните кои го регулираат губењето на тежината може да се пореметат, па на тој начин потешко ќе ја намалите тежината.

Вежбајте на празен стомак

Важно е да јадете пред да вежбате, но тоа „пред“ не значи „непосредно пред“, бидејќи од една стана ќе ви биде тешко за време на вежбањето, а од друга страна, хранливите материи нема да стигнат бргу до мускулите.

Протеини секогаш

Ако сте здрави, можете да внесувате колку што сакате протеини без опасност по вашето здравје. Протеините добро делуваат на метаболизмот.

Би можело да ве интересира:

Несекојдневни, но ефикасни совети за намалување на апетитот и слабеење Знаевте ли дека јадењето од сини чинии може да ви помогне да го намалите апетито...
Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg