Најздрави пролетни сокови за енергичен почеток на денот

Соковите од овошје и зеленчук се идеален начин да го започнете денот, а притоа се совршен борец против пролетната мрзливост.

najzdravi-proletni-sokovi-za-energicen-pocetok-na-denot-01

Витамините и хранливите состојки од овие сокови брзо се апсорбираат, го подигнуваат имунитетот и го освежуваат целиот организам.

Сок од виолетова зелка

Вкусен сок преполн со витамин Ц и пријател на сите сетила.

Ќе ви требаат 2 шолји рендана виолетова зелка, 3 стапчиња целер, ½ лимон и 2 шолји исечкани крушки.

Едноставно ставете ги сите сосојки во блендер, додадете вода по вкус и потреба и започнете го денот со неколку виолетови голтки полни витамини.

najzdravi-proletni-sokovi-za-energicen-pocetok-na-denot-02


Чудесен зелен сок

Зелените сокови се познати како најздрави, а овој сок покрај тоа што е витаминска бомба, има и освежувачко дејство кое ве буди за само неколку секунди.

Ви треба 1 помал целер, 1 краставица, 2-3 листови кељ, 1 лимон, 1 лажица свежо изрендан ѓумбир, 1 шолја магданос и 2 круши.

Постапката е секогаш иста. Излупете и исечкајте ги плодовите, па сè добро промешајте.

najzdravi-proletni-sokovi-za-energicen-pocetok-na-denot-03


Сок од морков

Кога прв пат ќе го направите, ќе се изненадите од вкусот кој ќе го пробате. Вкусен е, лесен, а покрај тоа ви помага добро да ја подготвите кожата за летните сончеви зраци.

Во блендер ставете 5-6 излупени моркови, 1 краставица, 1 јаболка, 1 лимон без кора и мало парче свеж ѓумбир.

По желба, можете да додадете и неколку зрна калинка.

najzdravi-proletni-sokovi-za-energicen-pocetok-na-denot-04


Сок за чистење од грејпфрут

Идеален сок за забрзување на метаболизмот и посебно добар за оние кои се трудат да намалат некој килограм.

Ако овој сок го консумирате наместо кафе или чај, ќе му дадете огромна доза на сила на својот организам.

1 црвен грејпфрут, 2 стапчиња целер, рака јагоди и малку исечкан копар ќе ја задоволат дневната потреба на енергија.

najzdravi-proletni-sokovi-za-energicen-pocetok-na-denot-05


Зелен сок за навечер

Наместо вечера, испробајте го овој зелен сок кој се бори со киселините, а воедно и заситува.

Потребна ви е една шолја свеж грашак, 1 шолја млад спанаќ, 2 големи листови блитва, 1 зелена јаболка, ½ лимон и ½ краставица.

Ако до сега не научивте дека зеленото е здраво, ова е уште еден доказ за тоа.

najzdravi-proletni-sokovi-za-energicen-pocetok-na-denot-06

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Начини на лекување на курје око - како да го отстраните сами дома? Силна болка во стапалото и зацрвенета кожа која е груба на допир се знаци дека ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg