Важно е да пиете вода, но на правилен начин

Како што постојат правила за храната така постојат правила за водата кои мора да знаете.

vazno-e-da-piete-voda-no-na-pravilen-nacin-01

Доколку ги следите овие правила на пиење вода бидете сигурни дека сте направиле сериозна промена во вашиот живот.

Ако досега во текот на целиот ден дури по неколку пати одите во тоалет или имате болки и подуеност во стомакот после ручекот големи се шансите тоа да ви се случува поради неправилното пиење на водата.

Со мали промени постигнете големи резултати:

1. Пред да ја подигнете чашата и да се напиете вода, најпрво седнете исто како што седнувате за време на јадење.

2. Колку и да сте жедни пијте голтка по голтка, а не цела чаша вода наеднаш. Голтка вода, земете воздух, па повторно голтка вода и веднаш ќе ја увидите разликата.

3. Пијте редовно вода во текот на целиот ден. Доколку испиете огромно количество на вода наеднаш, водата само поминува низ вас и вашето тело не ја апсорбира.

4. Заборавете на вода од фрижидер. Температурата на водата треба да биде приближна со температурата на собата, во спротивно си правите штета на дигестивниот систем.

5. После оброк напијте се само неколку голтки вода. Премногу испиена вода пречи на вашиот организам при варење на храната. Правилото е следно: 50% храна во желудник, 25% вода и 25% празнина за вашиот дигестивен систем да може правилно да ја свари храната.

6. Од истата таа причина, не пијте премногу вода пред вашиот оброк.

7. Пијте вода секогаш кога сте жедни. Жедта не смеете да ја занемарувате, таа е знак дека на вашето тело му е потребна хидратација.

8. Во однос на количината која треба да испиете основното правило гласи дека потребни се осум чаши вода во текот на еден ден. Но, земете во предвид дека секој човек е различен и секој организам е различен. Затоа најдобро е да пиете тогаш кога сте жедни и така ќе ја откриете сопствената мерка.

9. Урината ви симболизира дали доволно пиете вода. Доколку вашата урина е бистра и во боја на слама тогаш вашето тело е хидратизирано, но доколку бојата на урината е темно жолта тоа е знак дека ви е потребно поголемо количество на вода.

10. Усните се уште еден показател за дехидрација. Доколку усните ви се суви пијте повеќе вода.

Правилата за пиење вода се многу едноставни, а ќе направат да почувствувате драстична промена на дневна база. Најважно од сѐ е да бидете свесни за сигналите кои ви ги праќа вашето тело.

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg