Како да станете веган?

Што значи да си веган? Ако веганството ви го привлече вниманието заради славните кои добриот изглед и го препишуваат на оваа исхрана, размислете како би можеле и вие да започнете.

kako-da-stanete-vegan-01.jpg

Веганите се личности кои пред сè не консумираат храна со животинско потекло. Не јадат месо, јајца, млеко, ниту млечни производи. Веганите не јадат мед. Не носат крзно, кожа, свила, ниту волна.

Дали веганската исхрана е добра?

Веројатно мислите дека ако од употреба го исфрлите месото, млекото и јајцата кои се богати со протеини, вашиот организам ќе има недостаток од хранливи материи.

Но, во веганската исхрана има сè што ви е потребно - од витамин А, до железо. Оваа исхрана може да го сочува здравјето на организмот затоа што е богата со белковини, влакна, витамини, минерали и јаглехидрати.

Како да станете веган?

Ако веќе сте се решиле да станете дел од овој начин на живот и исхрана, треба да ги знаете точните замени за храната која ќе ја исфрлите од употреба.

Белковини

Почесто консумирајте соино млеко, тофу сирење, ориз, тестенини, грашок, грав, јаткасти плодови.

Витамини

Се наоѓаат во овошјето и зеленчукот, во мешаните салати, спанаќот, брокулите, доматите кои содржат витамини А,Ц,К и Б. Витаминот Е се наоѓа во пиперките, маслиновото масло и јаткастите плодови, а витаминот Б12 во квасецот.

Минерали

Грозјето, цинкот и магнезиумот ќе ги внесете преку бадеми, ориз, суви кајсии и производи од соја.

Протеини

Соино млеко, спанаќ, брокула, ориз, путер од кикирики, тофу, бареми, компиер, грав, овесна каша.

kako-da-stanete-vegan-02.jpg

Калциум

За да имате силни коски, консумирајте зеленчук со зелена боја, соја или оризово млеко. Тофу сирењето е збогатено со калциум сулфат, но и покрај сите производи препорачливо е да внесувате додатоци во исхраната кои се богати со калциум.

Витамин Д

Во веганската исхрана не се наоѓа витаминот Д, но тоа може да се надополни со умерено изложување на сонце. За постојано произведување на витамин Д во телото, потребно е да се сончате по 15 минути дневно, 4 до 5 пати неделно. Исто така, практикувајте соино или оризово млеко збогатено со витамини и сок од портокал.

Железо

Добри извори на железо се темно зелените лиснати зеленчуци и гравот, а за подобра апсорпција, консумирајте ги со храна богата со витамин Ц. Витаминот Ц го има во цвеклото, блитвата, сојата, просото, сувото грозје, лубеницата, леблебијата...

Маснотии

Ако консумирате веганска храна, ќе го намалите ризикот од срцеви заболувања и рак. Маснотиите ќе ги добивате преку ореви, масла од семки, авокадо и маргарин.

Омега-3 масни киселини

Почесто консумирајте ореви, тофу сирење, соја и ленено семе.

kako-da-stanete-vegan-03.jpg

Што е добра протеинска замена за млекото и јајцата?

Банана, јаболка, тофу, оризово млеко, соино сирење.

Што јадат веганите?

Палачинки без јајца, колачи без јајца, овесна каша, лазањи, овошно фрапе, салати, супи, спанаќ, пити, овес, шпагети, урми, јаболка, смрзнато овошје, макарони, пржен зеленчук, банани, соја, плескавици од зеленчук, кајгана од тофу, соја сладолед, пица без сирење...

Зошто е добро да си веган?

Според искуството на оние кои станале вегани, затоа што консумирате овошје наместо јаглехидрати, ќе ја изгубите потребата за слатко.  Со тоа нивото на енергија во текот на денот е постабилно и немате напад на глад. Исто така, потребата за леб се намалува, а желбата за здрава и освежителна салата се зголемува.

Приливот на енергија се зголемува и до 3 пати, а со самото тоа чувствувате поголема потреба од прошетка, спорт и природа.

kako-da-stanete-vegan-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg