9 евтини и брзи облоги против убоди од комарци

Заборавете на разните креми и средства за ублажување на убодите од комарците кои во своите состави содржат разни хемикалии и започнете со лекување по природен пат.

9-evtini-i-brzi-oblogi-protiv-ubodi-od-komarci-01.jpg

Освен што овие облоги се здрави, сигурно веќе и ги имате состојките во вашиот дом кои се потребни за нивна подготовка.

Заштедете на скапите средства и направете си некои од овие 9 облоги при убод од комарец:

1. Млеко и вода

Промешајте иста количина на млеко и вода во сад, а потоа во течноста натопете една крпа. Мократа крпа држете ја на местото каде што имате убод од комарец и нежно масирајте.

2. Мраз

Доволна ви е една коцка мраз за чешањето од убодот на комарец да го ублажите. Стиснете ја коцката мраз за местото и држете така извесно време.

3. Оцет

Оцетот, особено јаболковиот, е одличен за ублажувањето на чешањето на местото каде имате убод од комарец. Нанесете малку оцет директно на местото, а доколку имате повеќе места убодени од комарец низ целото тело направете си купка во која ќе додадете неколку лажички оцет.

4. Ќесичка чај

На местото на убодот држете изладена ќесичка чај и вашето чешање ќе се намали. Освен тоа, ќесичката чај помага да не се појават отоци и иритации.

5. Мед

Доколку не ви пречи лепливоста, медот одлично ќе ви се најде при убодот од комарци. Тој не само што го наалува чешањето, туку и помага да не се појават иритации, црвенила, отоци...

6. Сок од лимон или лимета

Освен што ве ослободуваат од чешањето, овие две овошја делуваат и анти-бактериски. Искористете ја нивната вода, но после нанесувањето не се изложувајте директно на сонце бидејќи во тој случај може да ви се појават изгореници на кожата.

7. Босилек

Нанесете неколку ливчиња босилек на убодите од комарецот и тој ќе го излади местото за кратко време. Освен тоа мирисот од босилекот ги одбива комарците од просторијата во која седите.

8. Етерични масла

Лавандата и кокосовото масло го намалуваат чешањето, болката и отоците кои можат да се јават подоцна. Сепак пред да нанесете било какво етерично масло на кожата посоветувајте се со дерматолог или фармацевт бидејќи некои етерични масла се премногу јаки и треба да се разредуваат со вода пред употреба.

9. Паста за заби

Пеперминтот, односно состојката ментол, која ја содржи секоја паста за заби ја лади кожата и на тој начин го намалува чешањето. Нанесете малку паста за заби директно на убодот од комарец и на тој начин ќе можете мирно да спиете.

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Кога паѓаат млечните заби кај децата и зошто е важна оралната хигиена уште од најрана возраст? Доколку не се внимава на млечните заби, бактериите ќе се размножуваат, што на кр...
Трикови и совети кои ќе ви помогнат да се заштитите од комарци Сезоната на комарците започна. Ова сигурно го почувствувавте на сопствената кожа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg