Ноќно мокрење во детската возраст

Во детската возраст ноќното мокрење претставува многу чест проблем. Енуреза е најчест облик на примарно ноќно мокрење кај здрави деца после 5 година. Според податоци од литературата на возраст од 5 години  секое четврто дете има енуреза, а при тргнување во училиште секое десетто има ноќно мокрење.

nokno-mokrenje-vo-detskata-vozrast-01.jpg

Кај децата со енуреза функцијата на бешиката е нормална, празнењето на бешиката е комплетно и се случува без воља на детето во ноќните часови.

Во текот на денот  детето е суво и нема уринарни инфекции.

Причини за ноќно мокрење:

Најзначајни причини се: генетски фактори, цврст сон, зголемено создавање мокраќа во тек на сонот или релативно мал капацитет на бешиката.

Доколку двајцата родители имале ноќно мокрење веројатноста нивните деца да го имаат истото е дури 75%.

Во последните десетина година се идентификувани неколку гени одговорни за ноќното мокрење.

Сонот кај тие деца е многу цврст, и веднаш по разговорот со родителите се добива податок за отежнато будење на детето.

Кај голем дел од децата има зголемено создавање на урина во тек на ноќните часови заради лачење на вазопресин кој се лачи  на ниво на мозокот и кој делува на бубрегот и ја регулира количината и густината на мокраќата во сон.

nokno-mokrenje-vo-detskata-vozrast-02.jpg

Лекување:

Деца со енуреза треба да се лекуваат.

Енурезата не е последица на психолошки проблем на детето и затоа е потребно лекувањето да се започне на време за да не дојде до развој на емотивни и социјални пореметувања. Децата со енуреза се обидуваат да го скријат проблемот од околината, се повлекуваат во себе, чувствуваат несигурност, и избегнуваат контакт со другарчињата.

Енурезата е проблем на цела фамилија, затоа е потребно рано лекување за одржување на хармонијата во семејството.

Децата треба да се однесат на педијатар нефролог кој ќе направи одредени испитувања  за да утврди за кој тип енуреза се работи и потоа ќе започне со лекување.

Оптимално време за почеток на терапијата е пред започнување на одење на детето во училиште (5-6 годишна возраст).

Изборот на терапија зависи од природата на основното пореметување кое довело до енуреза, а современата терапија е заснована на препораките на Светската здравствена организација.

Лекувањето се спроведува со редовни контроли кај педијатар.

nokno-mokrenje-vo-detskata-vozrast-03.jpg

Клиника за Детски болести - Нефрологија
Др. В. Тасиќ
Др. Н. Ристоска-Бојковска

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Дали ноќното потење е знак за сериозен проблем и кога треба да одите на лекар? Ноќното потење може да биде предизвикано од разни фактори, како менопауза или пи...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg