7 здравствени проблеми скриени под лакот за нокти

Ако некогаш одите на преглед кај дерматолог, тој ќе ви побара да го избришете лакот за нокти. Тоа го бараат и докторите ако одите на операција. Сето тоа е бидејќи лакот за нокти може да ги сокрие сериозните проблеми на кои вашите нокти се обидуваат да ви укажат.

7-zdravstveni-problemi-skrieni-pod-lakot-za-nokti-01

Погледнете што не треба да игнорирате:

1.Темни нокти

Може да биде генетски наследно, пигментна промена, како што се пегите, на пример. Но, ако темната линија е во должината на целиот нокт и ако ја менува бојата, тоа може да укаже на нешто посериозно, како габична инфекција.

2. Посинети нокти

Ако месото под ноктот е темносино, тоа значи дека вашите прсти не добиваат доволно кислород по пат на крвта. Ова може да означува дека ви е лоша циркулацијата во рацете и нозете, но и дека белите дробови не ви се снабдени со доволно кислород. Ако имате ваква појава проверете дали имате некое срцево или белодробно заболување.

3. Бели нокти

Ова може да означува неколку лоши работи, но најсериозна може да биде болеста на џигерот. Затоа, штом забележите ваква појава, обратете се кај вашиот доктор.

4. Кршливи нокти

Тенки нокти кои се лупат може да се поврзат со недостаток на железо и да укажуваат на анемија.

7-zdravstveni-problemi-skrieni-pod-lakot-za-nokti-1.jpg

5. Груби нокти

Ако ноктите ви се тврди или лесно се кршат, тоа може да биде знак на дехидратација на организмот, но и забавена работа на штитната жлезда, особено ако дополнително и косата ви е сува или проретчена.

6. Вертикални линии

Ваквите линии обично се појавуваат со текот на годините и тоа е нормално. Наводно, коренот на ноктот со текот на годините се суши и затоа се создаваат линиите. За да ги хидрирате ноктите, користете хидрантни креми и масла за нокти и заноктици.

7. Хоризонтални линии

Длабоки хоризонтални линии кои се шират по средината на ноктот може да укажуваат на стрес.

7-zdravstveni-problemi-skrieni-pod-lakot-za-nokti-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg