Откријте зошто ви опаѓа косата

Некогаш повеќе, некогаш помалку, но опаѓањето на косата може да биде предизвикано од различни причини. Најчесто тоа се здравствени проблеми, кои доколку ги откриете навремено, може и да ги решите.

otkrijte-zosto-vi-opagja-kosta-01

Проверете дали на вашиот организам му се случуваат некои од следниве појави за да ја дознаете причината за опаѓањето на косата.

Вашето тело не добива доволно хранливи материи

Ако не внесувате доволно протеини, Омега 3 масни киселини, витамин Б, железо и биотин, нормално е вашата коса да опаѓа и да станува послаба. Лошата и слаба исхрана секогаш се одразува и на вашата коса.

Имате алергија

Алергијата понекогаш може да се манифестира на најчуден можен начин, а ослабувањето и опаѓањето на косата е еден од нив.

Алергијата ќе услови солзење и слабеење на капиларите, а со тоа и слабеење на фоликулата што ќе го наруши правилниот раст на косата. Одете на лекар и направете тест за да утврдите дали имате некоја алергија.

Премногу ја фенирате или исправувате косата

Познато е дека топлината ја оштетува косата, па така премногу третмани за обликување може да ви ја направат тенка и остра, особено на краевите. Затоа, ако можете, наместете го фенот или пресата на најниска температура.

otkrijte-zosto-vi-opagja-kosta-2.jpg

Фоликулите ви се запуштени

Исто како што природните масла кои ги произведува вашата кожа може да ви ги затворат порите, на ист начин може да се затворат и вашите фоликули, на кои им изумреле клетките од претерана употреба на различни препарати за коса.

Побарајте шампон за одмрсување на косата или истријте ја косата со една шака морска сол за да ги отстраните наталожените валкани слоеви.

Користите погрешни производи

Изборот на правилен шампон е клучен за доброто здравје на вашата коса. Консултирајте се со вашиот фризер во врска со ова, за тој најдобро да ви каже каков шампон одговара за вашиот тип коса, но и на вашите финансиски можности.

Имате проблеми со хормоните

Опаѓањето на косата често е предизвикано од хипотироидизамот или менопаузата. Ако се сомневате дека тоа ви се случува, потребен ви е преглед на лекар, а понатамошните анализи на крвта ќе ја утврдат вистинската причина за проблемот.

otkrijte-zosto-vi-opagja-kosta-1.jpeg

Би можело да ве интересира:

12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
„Пробав 12 различни начини за справување со напади на анксиозност – што помага, а што не?“ „Пробав да дувам балони за да дишам длабоко, но ми се сврти и ми се влоши состој...
10 промени на вашите стапала што можеби укажуваат на здравствен проблем Додека студените стапала можат да бидат знак за слаба циркулација, отечените ста...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg