Јадете на работното биро? Ова видео ќе ве предомисли

На прв поглед, работното биро речиси секогаш делува чисто. Но, ова видео ќе ви прикаже една потполно различна слика.

jadete-na-rabotnoto-biro-posle-ova-video-sigurno-nema-01.jpg

Затоа што секоја 4-та личност која оди во тоалет не ги мие рацете, тие лесно стигнуваат до вашата тастатура.

Низ неколку истражувања до сега е откриено дека на само 1 сантиметар квадратен од тастатурата се наоѓаат околу 1.000 бактерии, додека на маусот таа бројка изнесува околу 500.

jadete-na-rabotnoto-biro-posle-ova-video-sigurno-nema-02.jpg

За време на деновите кога планирате да останете пред компјутерот и да јадете непосредно пред тастатурата, практично сите тие бактерии ги пренесувате во вашата уста.

Докторката Лиза Ејкерли која директно учествува во овие здравствени истражувања истакнува дека единствен начин на кој можете да се заштитите е користењето на дезинфекциски средства.

- Вие можеби не чувствувате ништо, немате никакви симптоми од бактеријата која сте ја внеле, но сигурно е дека истата ја разнесувате секаде низ канцеларијата, објаснува таа.

Со миење на рацете од 20 секунди, користејќи топла вода и сапун, можете да го сопрете ширењето на бактериите. По миењето, задолжително сушете ги рацете.

Ова е видеото кое ќе го промени начинот на кој го гледате работното биро:

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
„Пробав 12 различни начини за справување со напади на анксиозност – што помага, а што не?“ „Пробав да дувам балони за да дишам длабоко, но ми се сврти и ми се влоши состој...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Жени откриваат: „Што посакувам да знаев порано за сексот и женското здравје?“ „Може ли да зборуваме за менструација додека сме помали? Јас добив менструација ...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg