Пред да си легнете помислете на овие работи

За да си ја вратите потрошената енергија во текот на денот, најважен е добриот сон. Секојдневно сме бомбардирани со најразлични информации, па убаво е чувството кога можете да се вовлечете во креветот и да заборавите на сè.

pred-da-si-legnete-pomislete-na-ovie-raboti-01

Но, некои имаат проблем кога мозокот одбива да им се исклучи и треба да се борат со мислите кои им надоаѓаат.

Пред да си легнете обидете се да се концентрирате на неколку мисли:

Мисли за работите за кои сте благодарни

Добро е ако можете и да ги запишете. Размислувањето за она што сте благодарни ќе ви го подобри денот, ќе ве направат посреќни и ќе ви го зајакнат имунолошкиот систем.


Замислете успешен утрешен ден

Сите сонуваат за успешна кариера. Размислувањата за остварувањата на овие цели ќе ви помогнат подобро да спиете. Некои од најуспешните луѓе во светот пред да си легнат замислуваат позитивен исход на резултатите кои ги очекуваат следниот ден, што им помага во текот на тој ден да донесат многу реална одлука.


Размислувајте на нешто позитивно

Броењето овци нема да ви помогне, затоа концентрирајте се на нешто што ве опушта, на пример, повторувајте ја позитивната мантра или замислете убава слика на природа. Оваа постапка има две предности, не бара голема мозочна активност, а последната убава мисла ќе ви овозможи и поубав сон.

pred-da-si-legnete-pomislete-na-ovie-raboti-1.jpg

Не размислувајте на мејловите

Всушност, не размислувајте на ништо поврзано со вашиот телефон или компјутер, изгаснете ги и заборавете ги. Истражувањата покажуваат дека гледањето во осветлениот екран го нарушува сонот.


Избегнувајте навраќање на кавгата која сте ја имале во текот на денот

Никогаш не смеете да си легнете бесни и лути. Ако не ги исфрлите негативните емоции од себе, во сонот може само посилно да ви се одразат. Решете ги проблемите пред да си легнете.


Не се опседнувајте со обврските кои не сте ги завршиле

Ако ви завршил денот, а не сте стигнале да завршите сè што сте планирале, не очајувајте. Ноќта без енергија не можете да направите ништо, сонот ви е неопходен, а ако мислите на обврските нема да успеете ни да заспиете ни да си ја вратите енергијата, што значи ќе си направите двојна штета. Затоа заборавете на сè што е негативно.

pred-da-si-legnete-pomislete-na-ovie-raboti-2.jpg

Би можело да ве интересира:

12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg