Природни решенија против затнат нос со кои повторно нормално ќе дишете


Природни решенија против затнат нос со кои повторно нормално ќе дишете

Затнатиот нос е многу честа појава во овој период, која најчесто е предизвикана од воспаленија, настинки и сув воздух.

7-prirodni-resenija-protiv-zatnat-nos-so-koi-povtorno-normalno-ke-disete-01.jpg

Бидејќи никогаш не е пријатно едвај да земате воздух, испробајте ги овие 7 природни решенија кои веројатно веќе ги имате во кујната.

Масло од ментол - Ставете неколку капки на едно марамче, а потоа вдишете околу 10 пати.

Лук - Консумирајте го додека носот целосно не попушти, со било кој оброк. Ако можете да го поднесете мирисот и вкусот добро изџвакајте го и неколку пати вдишете длабоко.

Јаболков оцет - Сварете половина литар вода и во неа додадете 3 лажици оцет. Правете инхалации неколку пати во денот.

Солена вода - Сварете половина литар вода и додадете 1 лажица морска сол. И со солената вода правете инхалации неколку пати во денот.

Рен - Изрендајте го и помешајте со лажица мед. Мешавината ставете ја на јазикот, вдишете длабоко 10 пати, а потоа голтнете.

Ѓумбир - Исто како кај ренот, помешајте го со мед, вдишете па потоа голтнете. Или може да го додадете во секој оброк.

Корен од слез - Изрендајте го на парчиња и ставете го во 1 литар вода. Оставете да отстои околу половина час, па водата зовријте ја. Правете инхалации околу 3-5 минути.

Би можело да ве интересира:

Навики со кои несвесно си го уништуваме здравјето Секој од нас има свои навики, но ретки се оние кои знаат дека многу од нив може ...
4 причини зошто да пиете топла, наместо студена вода Сите ние добро знаеме дека во текот на денот треба да пиеме околу 8 чаши дневно,...
За што сè можете да го употребите јаболковиот оцет? Истражувањата покажаа дека јаболковиот оцет има анти-габични и анти-воспалителни...