На потемнетата кожа не и треба заштита - 9 митови за кремите за сончање

Сите го имаме прифатено фактот дека заштитата од сонце и заштитниот фактор се многу важни во нашиот секојдневен живот. Меѓутоа, многу од нас се уште веруваат во некои митови за тоа како треба да се користат овие производи за заштита на кожата.

na-potemnetata-koza-ne-i-treba-zastita-9-mitovi-za-kremite-za-soncanje-1.jpg

Што треба да знаете за кремите со фактор?

1. Ако не се изложувате директно на сонце, не ви треба крема за сончање

Дури и ако не лежите на плажа, заштитен фактор и е потребен на вашата кожа. Штетните сончеви зраци се во допир со нашето тело и кога шетате, возите автомобил, велосипед...


2. Кремата за сончање потполно ќе ве заштити од сонцето

Дури и да нанесете крема со заштитен фактор 50+ нема да бидете заштитени од сонцето. Тие штитат од моменталната штетност на сончевите зраци, но не и од долгорочните ефекти како што е меланомот.


3. Сите креми за сончање се исти

 Морате да се заштитите од UVA и UVB зраците. UVA зраците се оние кои длабоко пенетрираат во кожата и предизвикуваат долгорочни последици, а UVB се оние кои предизвикуваат изгореници на кожата. Внимателно прочитајте што пишува на вашата крема за сончање.


4. Не ви треба крема за сончање доколку ја има во вашата шминка

Не се потпирајте на заштитата од UV зраци содржана во вашата пудра. Нанесете крема со фактор пред да ставите шминка на лицето.


5. Ако ставите крема за сончање нема да потемните

Кремата заштитува од штетните зраци, но и понатаму можете да потемните.


6. Ако кремата за сончање е водоотпорна, значи дека нема да се измие после капење

Без разлика што пишува на пакувањето, морате постојано да нанесувате нов слој на крема.

na-potemnetata-koza-ne-i-treba-zastita-9-mitovi-za-kremite-za-soncanje-2.jpg

7. На темната кожа не и треба заштита

Иако луѓето со светла кожа се повеќе подложни на изгореници од сонце, на сите им е потребна заштита без разлика на нијансата на кожата.


8. Во ред е да го користите шишенцето крема кое ви останало од минатата година

Ако користите стара крема, нема да има никаков ефект на кожата. Внимавајте на рокот на траење. Ако сте ја оставиле кремата директно на сонце или во близина на голем извор на топлина, се препорачува да купите нова.


9. Повисокиот SPF не нуди посилна заштита

Секогаш одбирајте крема со заштитен фактор 30 затоа што овозможува и до 97% повеќе заштита од оние со понизок фактор.


Дополнителен совет: Заштитниот фактор се искажува како споредба на временскиот период кој е потребен за да се појави изгореница од сонце на заштитена кожа и должината на време потребно да се појави изгореница на незаштитена кожа.

Со 15-ка фактор значи дека може да останете на сонце 15 пати подолго отколку кога сте без фактор.

Или пример: Кај личностите чија кожа обично поцрвенува после 10 минути изложување на сонце, со нанесувањето на препарат со заштитен фактор 2, кожата ќе поцрвени после 20 минути. Доколку истата личност употреби заштитен фактор 20, кожата ќе поцрвени после 200 минути, што е повеќе од 3 часа изложување на сонце.

Би можело да ве интересира:

Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg