Непријатен мирис од вагината, стапалата, здивот: Што открива за вашето здравје?

Сигурни сте дека добро сте ги измиле забите, сте ги исчистиле со конец и сте ја измиле устата со течност, но сепак лошиот мирис останува... Таков е случајот и со пазувите и стапалата... Штотуку сте излегле од бањата, но мирисот останува.

neprijaten-miris-od-vaginata-stapalata-zdivot-shto-toa-kazuva-za-vasheto-zdravje-01.jpg

Непријатниот мирис нема никаква поврзаност со вашата хигиена, туку со вашето здравје.

Како можете да се ослободите од непријатните мириси?


Лош мирис на вагината – „Како леб“

Ве потсетува на свежо печен леб, но малку понепријатен и не доаѓа од рерната, туку таму доле. Овој мирис потекнува од вагиналниот секрет кој го изгубил својот баланс, најчесто како резултат на појава на габични инфекции како кандидата.

Ако случајот е таков, најдобро е да внимавате на облеката и да избегнувате синтетички материјали.


Лош мирис на вагината – „Мирис на овошје“

Имате впечаток како од вашиот тоалет да доаѓа мирис на овошје. Станува збор за вашата урина во која има поголема количина на шеќер и ако таков е случајот со вас најдобро е да се обратите кај специјалист, бидејќи овој мирис се појавува како резултата на вишок шеќери во урината и знак на дијабетес.


Лош мирис на вагината – „Свежа риба“

Според Наташа Џонсон, овој мирис е резултат на зголемување на бројот на лши бактерии во вашата вагина. Најчесто забележлив е по сексот или кога имате менструација, а е проследен со чешање и црвенило. Најефективно се лечи со орални антибиотици.


Непријатен здив

Ако никако не можете да се ослободите од овој мирис, веројатно имате синуситис. Тоа е бактерија која предизвикува воспалување на синусите и носните шуплини кои се поврзуваат со устата и се појавува непријатен мирис.

Во поголемиот број на случаи мирисот сам исчезнува, но ако не е таков случајот со вас, тогаш најдобро е да преминете на третирање на синусите со топла вода која ќе ја вдишувате секоја вечер, за да се ослободите од секретот.


Стапала

Непријатниот мирис од стапалата се појавува како резултат на бактерии и габи кои можете да ги излечите само со соодветни препарати.

Би можело да ве интересира:

12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg