Јогурт против лош здив, маслиново масло за брчки и флеки - домашна „аптека“

Во кутијата со лекови секогаш треба да имате фластери, завои и таблети против болки. Но, постојат уште најмалку 8 начини на кои можете да си помогнете пред да посегнете по апчињата.

namesto-da-kupuvate-apcinja-iskoristete-gi-ovie-8-lekovi-koi-veke-gi-imate-doma-01.jpg

1. Вотка против непријатни мириси

Непријатниот мирис од нозете секогаш можете да го отстраните со крпа натопена во вотка. Вотката содржи голем процент на алкохол, па делува како антисептик. Ако со неа ги избришете нозете еднаш во денот, ќе ги намалите шансите за добивање габични инфекции.


2. Гризнете молив

Кога сме под стрес или трпиме болка, сите несвесно ги стегаме забите. Тогаш ги оптоваруваме нервите и мускулите кои понатаму се претвораат во главоболка. Тоа може да го избегнете ако гризнете обичен молив, наместо да ги стегате забите.


3. Јогурт против лош здив

Освен што е здрав, јогуртот го отстранува непријатнитот мирис од устата. Добрите бактерии во него ја прават средината непогодна за размножување на непосакувани бактерии и непријатни мириси.


4. Средство за плакнење на уста

Течноста за плакнење на устата е добар антисептик и е одличен за лекување пликови. Натопете едно памукче и 2-3 пати дневно тапкајте по пликовите. Ќе видите колку побрзо ќе заздрават.


5. Чај од маточина

Овој чај има антивирусни својства и е одличен во лечењето на херпеси. Доволно е да ставате облоги од ладен чај од маточина на местото.


6. Маслиново масло за брчки и флеки

Благодетите на маслиновото масло се многубројни, па затоа е користено во козметиката. Има моќ да ги намали иритациите на кожата, а богато е и со антиоксиданси кои ги пеглаат брчките и ги чистат кафените флеки од лицето.


7. Лажица шеќер против икање

Само малку шеќер под јазикот е доволно за да го сопрете икањето. Следен пат наместо лимон, пробајте со бел шеќер.


8. Лимон и маслинки против мачнини

Маслинките имаат моќ да го намалат лачењето на сок во желудникот, па се одличен избор за оние кои имаат мачнини додека патуваат. Дополнителен ефект ќе има ако изедете и едно парче лимон. Јаболката пред патување исто така се покажала како делотворна.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Дали ноќното потење е знак за сериозен проблем и кога треба да одите на лекар? Ноќното потење може да биде предизвикано од разни фактори, како менопауза или пи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg