Што сè ви се случува додека спиете? Се будите барем 9 пати без да знаете

Зошто постојано се будите изморени? Можеби затоа што не знаевте дека се будите 9 пати во текот на една ноќ, сосема несвесно.

sto-se-vi-se-slucuva-dodeka-spiete-se-budite-barem-9-pati-bez-da-znaete-01.jpg

Што уште ви се случува, а е поврзано со сонот и ненаспаноста?

Ова се најинтересните факти:

1. Само затоа што заспивате, не значи дека така ќе остане во текот на цела ноќ. Докажано е дека секој човек во текот на ноќта се буди меѓу 8 и 11 пати.

2. Жените имаат поголеми шанси (околу 10%) да подлегнат на проблеми со сонот, односно да спијат многу понеквалитетно од мажите.

3. Сепак, жените во просек спијат 20 минути повеќе отколку мажите. Поточно, жените спијат 7 до 7,6 часа во една ноќ, а мажите 6,8 до 7,4 часа.

4. Дека жените се будат почесто од мажите, е само еден мит. Мажите под 50 години просечно се будат еден пат повеќе од жените во текот на ноќта.

5. Недостатокот на сон ужасно влијае на сексуалниот живот на мажот. Ако тој спие по 5 часа секој ден во времетраење од една недела, нивото на тестостерон значително се намалува, а со тоа и желбата за секс.

sto-se-vi-se-slucuva-dodeka-spiete-se-budite-barem-9-pati-bez-da-znaete-03.jpg

6. Недостатокот на сон исто така предизвикува вишок килограми. Жените кои спијат 5 часа или помалку во текот на една ноќ, се склони кон нездрава исхрана и дебелеење. Поточно тие се за околу 13 килограми потешки од жените кои редовно спијат по 7 часа или повеќе.

7. Докажано е дека на возрасните им требаат 7-9 часа сон секоја ноќ, додека на лица над 65 години им треба сон помеѓу 7 и 8 часа. За децата задолжителен е сон над 8 часа.

8. Уште една причина да спиете повеќе - луѓето кои спијат подолго се посреќни. Оние кои спијат по 9,5 часа се будат значително посреќни од останатите.

9. Логично, луѓето кои имаат прекраток или неквалитетен сон, се будат анксиозни и депресивни.

10. Луѓето кои спијат помалку од препорачаното исто така имаат почести проблеми во врската.

sto-se-vi-se-slucuva-dodeka-spiete-se-budite-barem-9-pati-bez-da-znaete-04.jpg

11. Недостатокот на сон предизвикува и осаменост. Цели 53% од луѓето кои имаат неквалитетен сон изјавиле дека се чувствуваат осамено, додека процентот кај добро наспаните луѓе кои ја имале оваа изјава изнесува 10.

12. Квалитетот на сонот се влошува како што старееме. 49% од луѓето кои имаат проблеми со сонот се над 60-та година.

13. Избегнувањето на силно осветлени простории попладне и изложувањето на сончева светлина наутро ќе ви помогнат да заспиете и да се разбудите полесно.

14. Не ви треба аларм за да се разбудите. Ако воспоставите одредена рутина во спиењето и точно определени часови кога телото спие, а кога е будно, ќе забележите дека секое утро ќе се будите без аларм.

Би можело да ве интересира:

„Имам 23 години, а првиот паничен напад го добив на 13 - што правам во таква ситуација?“ „Мојот прв паничен напад го имав на 13 години. Анксиозни епизоди добивам насекад...
Сѐ што треба да знаете за амниоцентезата: Кога се прави и дали е ризично? Трудниците чувствуваат страв дури и само од помислата на овој тест, но преку ова...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
3 вида пијалаци кои е најдобро да ги избегнувате по вежбање Газираните пијалаци можат да ве дехидрираат ако ги пиете во големи количини. Ист...
Како да познаете дали имате депресија и како можете да си помогнете? Депресијата е нарушување кое предизвикува чувства на очај, тага и безнадежност и...
Отечени зглобови и уште 5 знаци дека јадете многу сол (и зошто треба да намалите) Покрај отоците на зглобовите, лицето и дланките, и дигестивните проблеми можат д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg