Што правите погрешно кога носите чанта на рамениците?

Еден германски ортопед објаснува што правиме погрешно при носењето на торби или чанти преку рамениците. Секој кој редовно носи чанта преку рамениците треба да има предвид дека со неа може да си предизвика сериозни здравствени проблеми.

shto-pravite-pogreshno-koga-nosite-canta-na-ramenicite-01.jpg

Токму затоа, ако носите чанта, како прво треба да бидете сигурни дека таа не тежи повеќе од 5% од вашата севкупна тежина.

Во спротивно, постои ризик од болки во мускулите на страната на која ја носите чантата, а потоа и далеку посериозни проблеми како искривување на р’бетниот столб.

„Книгите во чантата која се носи на рамена се неволја за секој ортопед“ – вели Рајнхард Шиндерханд, претседателот на Германскиот институт за болести на коските.

Тој забележал дека секој кој носи торба или чанта на раениците има своја омилена страна на која постојано ја носи истата.

„Носењето на торба на едното исто рамо може да предизвика напнатост во мускулите на таа страна, па добро е покрај тоа што ќе внимавате на тежината на чантата, да внимавате и на тоа постојано да ја менувате страната на која ја носите“ – додава тој.

Би можело да ве интересира:

Како да го намалите крвниот притисок и какви компликации предизвикува ако не го контролирате? Не можете инстантно да го намалите крвниот притисок без помош од лекар. Но, може...
Промени во менструалниот циклус кои можат да бидат знак за проблем (и не треба да ги игнорирате) Кај многу жени можат да се јават (непријатни) промени во менструалниот циклус ко...
Која е разликата помеѓу алергија на млеко и интолеранција на лактоза? Додека алергијата е реакција на имунолошкиот систем на два протеина кои се наоѓа...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто докторите најчесто препорачуваат терапии со инхалација + корисни работи што треба да ги знаете Во минатото, за инхалирање се користеше тенџере со топла вода, а понекогаш внатр...
Што е комплекс на пониска вредност - Како настанува и кои се симптомите? Природно е понекогаш да се чувствувате несигурно, особено ако се соочувате со се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg