Народни рецепти: Како да го излечите херпесот?

Секој од нас барем еднаш во животот се соочил со оваа непријатна појава. Прво чешање, потоа појава на меурчиња и на крај раничка...

narodni-recepti-kako-da-go-izlecite-herpesot-001.jpg

Како да се ослободите од болниот херпес?

Херпесот на устата најчесто е предизвикан од вируси, па покрај антивирусните препарати, за негово лечење може да ви помогнат и следниве народни рецепти:

1. Сварете 100ml вода, додајте 1 лажица сода бикарбона, промешајте и тргнете од рингла. Во растворот ставете памук и неколку пати правете облоги.

2. Во брзото лечење на херпесот може да ви помогне и солта. Потребно е само да нанесете мала количина сол на болното место. Оставете да делува, исплакнете, па повторете уште неколку пати во текот на денот.

3. Тенката обвивка која се наоѓа на внатрешната страна од лушпата од јајцето е одлично против воспалително средство. Треба само да ја одвоите обвивката и да ја ставите на болниот дел. Резултатите за кратко ќе ве израдуваат.

4. Лукот е моќно антивирусно средство, па затоа од него направете еден домашен лек. Истолчете или исечкајте ситно 2 чешниња лук, помешајте со 1 лажица павлака, 1 лажица брашно и 1 лажица мед. Ќе добиете супер маст против херпес со која треба редовно да го премачкувате болното место.

5. Етеричното масло од ела или чајно дрво исто така може да ви помогне во борбата. Се препорачуваат по неколку капки на секои 2 часа. Можно е благо пецкање, но по 2 дена ќе бидете позитивно зачудени од резултатите.

6. Капките прополис ја лечат и дезинфицираат раната. Затоа, препорачливо е обилно мачкање на херпесот неколку пати дневно. Потоа, задолжително нанесете слој крема од камилица или невен за да не се формира кора. По 2-3 часа повторете ја постапката.

Би можело да ве интересира:

Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
Како да се заштитите и разладите за време на топлотен бран? Знаевте ли дека лутата храна може да ви помогне да се разладите? Како да ги преж...
Кои третмани за коса треба да ги избегнувате ако страдате од мигрена, според доктор? Екстензиите за коса се еден од неколкуте третмани кои е најдобро да ги избегнува...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
9 можни причини зошто очите ви се иритирани и ве чешаат Покрај сезонските алергии, и некои лекови можат да предизвикаат сувост и чешање ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg