Петар Пан синдром, што е тоа?

Петар Пан синдромот се јавува кај возрасни лица кои се однесуваат како деца. Овој синдром го добил своето име по приказната на М. Бари од 1904 година во која Петар Пан е момче кое одбива да порасне  и заминува во земјата Недојдија.

petar-pan-sindrom-sto-e-toa-001.jpg

Во меѓувреме ја учи Венди како да лета со своите браќа и заедно доживуваат многу авантури меѓу кои средбата со Индијанците и пиратите.

Како синдром, Петар Пан не е медицински прифатен од Американската Психијатриска  Асоцијација како ментално растројство.

Исто како и во приказната, лицата со овој синдром  одбиваат да прифатат да влезат во светот на возрасните. Овие лица се одликуваат со страв и несигурност и несоодветно ги изразуваат емоциите.

Тие  доживуваат страв од неуспех при интеракција со други лица кои ги сметаат за поспособни во самоконтролата. Одбраната од таквите ситуации резултира со бегање.

Се смета дека класичната карактеристика на Петар Пан синдромот е нарцисоидноста. Лицата со овој синдром се окупирани со себе, но не во негативна смисла како што е тоа кај класичниот нарцизам.

Тие само се чувствуваат комфорно во својата имагинација, а во односите со другите се слаткоречиви и позитивни. Ја прифаќаат реалноста, но уживаат во животот како да се протагонисти во приказната.

Петар Пан синдромот е желба да се остане вечно дете  и да не се прифатат одговорностите на возрасните. Изгледа логично како последица кај лица кои имале одлично детство.

Овие лица сметаат дека наивната безбедност што ја имале во детството е идеална состојба на битието. 

Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најчестите заболувања и проблеми со здравјето (и како се третираат) Настинка, грип, уринарни инфекции – постојат заболувања со кои сме се соочиле ск...
Зошто не треба често да пиете аспирин на своја рака, без препорака од лекар? Многу (најчесто повозрасни) луѓе имаат навика да пијат аспирин на своја рака бид...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
Кои се најчестите симптоми на алергија на храна и кога можат да бидат опасни по живот? Алергијата на храна кај повеќето луѓе предизвикува благи симптоми, како чувство ...
Кои се здравствените придобивки од спирулина и дали може да ја користи секој? Спирулината е алга богата со железо, калциум, магнезиум и витамини и може да бид...
Цисти на јајници: Кои се симптомите, дали се опасни и кога да се јавите на лекар Повеќето цисти на јајниците се формираат како резултат на ва...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg