Како да се ослободите од дамките и хиперпигментацијата на лицето?

Хиперпигментацијата претставува нарушување на работата на организмот заради што доаѓа до зголемено лачење на меланин, што на кожата и дава темна пигментација.

Kako-da-se-oslobodite-od-flekite-i-hiperpigmentacijata-na-liceto-01

Ваквото нарушување главно се поврзува со прекумерно изложување на сонце, одредени болести, стареење, бременост или повреди, при што во многу случаи тоа може да доведе до појава на пигментни дамки на кожата.

Ваквите дамки најчесто се појавуваат на рацете и лицето, а со помош на овој едноставен лек истите ќе станат минато.

Сè што ви е потребно е 1 лажичка куркума во прав и 1 лажичка сок од лимон.

Измешајте ги добро овие две состојки и нанесете ја смесата на проблематичните места.

Оставете да делува 15 минути, а потоа исплакнете со млака вода. После овој третман не се препорачува директно изложување на кожата на сонце.

Повторувајте ја постапката двапати неделно, сè додека не ги добиете посакуваните резултати.

Лимоновиот сок ја чисти кожата и ѝ дава сјај. Куркумата е задолжена за осветлување на кожата, но исто така има и антивоспалително дејство.

Важно е да се напомене дека доколку имате премногу чувствителна или премногу сува вода, заменете го лимоновиот сок со млеко или разблажете го со малку вода.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Син ми (3) не сака да оди во градинка – постојано плаче“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/ терапевт. На пр...
Најчестите причини за еректилна дисфункција, според експерти Еректилната дисфункција е честа појава која може да биде предизвикана од разни ф...
Последици од задоцнето лекување дијабетес - Што доведува до ампутација? Со почитување на неколку правила и препораките од лекар, можете да живеете сосем...
Влакна на стомакот кај жените: Како да ги отстраните и зошто се појавуваат? Генетика, возраст, но и хормонални промени од разни нарушувања или фази од живот...
Што е витилиго - како да го препознаете и третирате? Додека научниците ги проучуваат гените на луѓето со витилиго за да откријат што ...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg