5 однесувања по кои ќе ја препознаете премногу драматичната личност

Навистина е лесно да препознаете драматична личност по нивното несоодветно однесување, кое во исто време е смешно, но и засрамувачко, особено за луѓето кои гледаат отстрана.

5-odnesuvanja-po-koi-kje-ja-prepoznaete-premnogu-dramaticnata-licnost-01

Тиe се луѓето кои секој сака да би одбегнува, но некогаш мора да имате контакт со нив.

Еве како да ги препознаете таквите луѓе:

1. Тие се агресивни или депресивни

Тенденциите за агресивно однесување може да бидат опасни за луѓето околу драматичната личност. Најдобро е да ја избегнувате, наместо да се соочите со скандал, особено ако покажува вакво однесување.

Премногу драматичните луѓе може да патат од ментална болест која бара хоспитализација на личностa за да се спречи нејзино само повредување за внимание. Во едно истражување, премногу драматичните луѓе кои признале дека биле во психијатриска болница, биле дијагностицирани со хистерично нарушување на личноста чие посочено однесување се опишувало како агресивно, барање внимание и некооперативно.

Во истото истражување на драматичните психијатриски пациенти, 60% од оние кои имале такво нарушување имале и симптоми на депресија. Но, тие се појавувале само за да им се обрати внимание.

2. Тие се однесуваат засрамувачки

Со тоа што се гласни или некултурни, тие предизвикуваат внимание – токму она што го сакаат. Кога ќе помислиме на однесувањето на драматична личност, понекогаш велиме дека тие се „кралици на драмата“ поради нашата типична и стереотипна тенденција, која вели дека повеќе жени се однесуваат на ваков начин отколку мажи.

Но, точно е дека жените имаат поголеми шанси да бидат драматични личности, барем кога станува збор за бројот на клинички дијагнози за проблеми со менталното здравје. Но, едно неодамнешно истражување покажува дека при ваквите нарушувања постои дефинитивна полова предрасуда.

Професионалците кои се занимаваат со психичкото здравје имаат тенденција да ги обележуваат мажите како антисоцијални карактери, а жените како хистерични карактери, иако и двата типа пациенти имаат идентични клинички карактеристики.

3. Се однесуваат како деца

Драматичните луѓе се однесуваат на ваков начин бидејќи тоа го правеле отсекогаш. За нив, детското однесување никогаш не престанало и тие никогаш не се формирале како личности. Ако мислите дека сте се однесувале детски во некоја ситуација, тогаш сетете се на членовите од вашата фамилија, кои можеби ве научиле дека ова не е начинот да го добиете она што го сакате и веднаш ќе станете свесни за тоа.

4. Се однесуваат како да ќе дојде крај на светот

Ако секој ваш ден има нешто ужасно или трагично тогаш можеби вие сте премногу драматична личност. Луѓето кои се премногу драматични можат да бидат и премногу среќни и нивниот ден е „совршен“. Тие одат до екстреми и вообичаено може да ги препознаете по однесувањето на социјалните медиуми.

Ако ви рекле „Не е толку лошо“ тогаш тоа е знак дека можеби сте премногу драматични. Ограничете ги екстремите за кои зборувате – и оние во главата и оние кои ги изразувате.

5. Тие се исцрпувачки

Откако ќе го завршите разговорот со премногу драматична личност, вие се чувствувате како да ви ја „испиле“ цела енергија. Драматичните луѓе се познати вампири на енергија и тие точно знаат како да ве исцрпат. Ваквата личност е исполнета кога ја „исцицала“ цела енергија од другите луѓе и ако вие не им ја дадете, тие сами ќе си ја земат.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
10 промени на вашите стапала што можеби укажуваат на здравствен проблем Додека студените стапала можат да бидат знак за слаба циркулација, отечените ста...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg