Како да се ослободите од белите флеки по телото кои се појавуваат во лето?

„Tinea versicolor“ е габично обојување на кожата кое се јавува во текот на летните месеци. Станува збор за бели дамки кои најчесто се појавуваат на подрачјето кај вратот, а ако не се третираат можат да се прошират и по целото тело.

kako-da-se-oslobodite-od-belite-damki-po-teloto-001.jpg

Кои се причинителите?

- Пад на имунитетот

- Зголемено потење

- Сончање и одмор на влажни и топли места

- Мрсна кожа

Зошто се појавуваат?

Бројни микроби се собираат на површината од човечката кожа, а топлата кожа во комбинација со потењето, мртвите клетки и маснотиите кои ги лачи кожата се совршено место за развој на габи. Габите се манифестираат во облик на бели кружни дамки – депигментации на кожата кои може да започнат од мали дамки на вратот и во текот на летото да се прошират по целиот грб.

Ако сакате да се ослободите од ваквите дамки на кожата, употребете ги овие 5 природни лекови кои ги има во вашето домаќинство:

1. Пробиотик

Јогуртот е полн со добри бактерии кои помагаат телото да се бори против опасни микроогранизми меѓу кои е и „tinea versicolor“. Нанесете го обичниот јогурт или пробиотикот без шеќер на заболеното место, оставете да се исуши и измијте ја кожата. Постапката треба да се повторува неколку пати дневно.

2. Јаболков оцет

Оваа магична намирница се користи во целото домаќинство, а нејзината магија делува и на габичните инфекции. Јаболковиот оцет има природни антифунцидни својства поради кои е исклучителен борец против „tinea versicolor“.

Измешајте еднаква количина вода и јаболков оцет и со неа намокрете парче вата. Со ватата, тапкајте по заразените делови и оставете ја кожата да се исуши. Повторувајте ја постапката секогаш кога сте во можност.

3. Масло од чајно дрво

Етеричното масло од чајно дрво се користи уште од одамна за борба против габични инфекции на кожата, па затоа е и делотворно и за ваквиот проблем. Во сад измешајте лажица маслиново масло и 5-7 капки етерично масло од чајно дрво. Со парче вата, смесата нанесете ја на заразените места и оставите да делува во текот на целото време додека сте дома.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Атопичен дерматит кај бебиња - зошто се јавува и како се лекува? Бебето е нервозно, плачливо, постојано се чеша и не спие навечер. Атопичниот дер...
7 помалку очигледни симптоми за рак на кожата што не треба да ги игнорирате Чешањето, но и необјаснивите болки во зглобовите кои траат долго или се засилува...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
„8 месеци пиев јаболков оцет наутро – Како тоа ми помогна со синдромот за полицистични јајчници?“ „Се чувствував како да имам многу повеќе енергија, немав проблеми со подуеност, ...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg