Што ќе се случи со вашето здравје доколку престанете да јадете леб?

Вашето тело ќе помине низ четири процеси кои за вас се и повеќе од исцрпувачки, само затоа што сте одлучиле да не јадете леб.

sto-ke-se-sluci-so-vaseto-zdravje-dokolku-prestanete-da-jadete-leb-001.jpg

Иако, не треба да се претерува со внесувањето на леб, особено бел, човечкиот организам сепак не може добро да функционира без јаглехидрати.

Еве што ќе се случи со вашето здравје доколку одлучите да ги исфрлите јаглехидратите од исхраната.

Ќе ја исфрлите водата

Штом од исхраната ќе ги исфрлите јаглехидратите, ќе почнете да се „топите“. Но, нема да ги губите мастите, туку водата.

„Кога телото ги чува јаглехидратите во форма на гликоген, секој грам хидрат во себе има вода, и тоа во количина од три до четири пати поголема од тежината на самиот гликоген“, вели нутриционистката Мари Спано.

Ќе се чувствувате лошо

Јаглехидратите се главен извор на енергија на мозокот, објаснува Спано. Кога ќе ги исфрлите од исхраната и кога ќе ги потрошите сите резерви на гликоген, телото ги разложува мастите и работи со помош на кетони, а резултатот на тоа се лош здив, сува уста, замор, вртоглавица, несоница и гадење. Ќе се чувствувате како да имате грип.

На крајот, телото се навикнува да работи со помош на кетони, но тоа не значи дека е добра работа. Јаглехидратите се секогаш подобри, вели оваа нутриционистка.

Ќе имате проблеми со варењето на храната

Житарките со цело зрно кај повеќето луѓе се најголемиот извор на влакна кои не само што го стабилизираат шеќерот во крвта, туку и го намалуваат ризикот од дебелеење и хронични болести. Освен тоа, поради влакната редовно ќе одите во тоалет.

Ќе станете нервозни

Јаглехидратите го зголемуваат нивото на серотонин во мозокот. Кога ќе ги отстраните сите здрави јаглехидрати од исхраната, ќе го отстраните и своето добро расположение.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Ги открива воспаленијата во телото, помага за спречување на срцев удар - Што означува CRP во крвната... Нивото на CRP може да укаже дали имате инфекција во телото, а кај повозрасните л...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Како да реагирате доколку наидете на лице со деменција кое е изгубено? Не ја оставајте личноста сама и кога разговарате со неа, зборувајте јасно и со к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg