8 грешки кои ги правите додека се туширате

Туширањето е секојдневна активност која речиси сите ја практикуваме, и често е пропратена со стандардни ритуали кои секој од нас ги повторува.

8-greski-koi-gi-pravite-dodeka-se-tusirate-001.jpg

Меѓутоа, честопати не сме свесни дека многу од навиките поврзани со туширањето воопшто не се здрави и повеќе ни предизвикуваат штета отколку корист.

Ова се најчестите грешки кои ги правиме додека се тушираме.

1. Не ја менувате крпата или луфата за туширање

За жал и двете се одлично место за размножување на бактерии. Истата крпа можете да ја користите само три до четири пати, пред да ја ставите за перење. А, за да се осигурате дека навистина е чиста, перете ја со жешка вода.

Тоа ќе ги елиминира непријатните мириси предизвикани од телесните масла или наталожениот сапун.

2. Ја ексфолирате кожата секој ден

Можеби сметате дека секојдневното ексфолирање е најдобар начин за отстранување на наталожените нечистотии, но, сепак не сте во право. Прекумерното триење може да направи вашата кожа да стане помрсна, и на тој начин да привлекува повеќе нечистотија и бактерии.

Затоа, ексфолирајте ја кожата на неколку дена, или најдобро еднаш неделно.

3. Ја миете косата без претходно да ја исчешлате

За да избегнете кршење на косата, пред туширање треба да ја исчешлате. Така, ќе избегнете косата да ви се заплетка и оштети. Ако косата ви е склона кон мрсење, користете чешел со широки запци, а потоа нанесете регенератор кој ќе ги измазни краевите, па потоа исплакнете.

4. Ги миете забите додека се туширате

Убаво е што можете да правите повеќе работи истовремено, но ако ги миете забите за време на туширањето, веројатно не им обрнувате доволно внимание. Стоматолозите препорачуваат дека забите треба да се мијат најмалку две минути.

5. Прво ги бричите нозете

Знаеме како одат работите: секогаш кога сте во брзање, прво се фаќате за бричот. Ако немате доволно време, тогаш подобро е воопшто да не се бричите. Ако сакате да имате мазни и меки нозе, би требало да почекате барем 15 минути за топлата вода да ги омекне влакната и да ги отвори фоликулите.

6. Ја миете косата секој ден

Колку повеќе ја миете косата, толку таа ќе биде помрсна, затоа што скалпот ќе се обиде да го надомести маслото кое сте го измиле, така што прекумерно ќе создава масло. Мијте ја косата секој втор ден или секој трет, така вашите природни масла ќе допрат до самите краеви, одржувајќи ја вашата коса сјајна и здрава.

7. Се туширате со жешка вода

Надвор е ладно и штом влезете дома долгиот туш со жешка вода ви изгледа како најдоброто нешто на светот. Но, премногу жешката вода може само да ја влоши состојбата на вашата кожа, особено ако имате егзема или сува кожа.

Токму затоа држете се до млака вода.

8. Премногу сте груби со крпата

Прегрубото бришење со крпата може да ги уништи фоликулите на влакната, што води до нивно оштетување и кршење. А, така се зголемува и сувоста на кожата. Кожата сушете ја така што ќе тапкате со крпата и избегнувајте да ја држите косата замоткана во крпа.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg