„Не излегувај со мокра коса“ - Колку долго не смеете надвор откако ќе ја измиете косата?

Сите неколку пати во животот сме слушнале „Не излегувај надвор со мокра коса! Сега излезе од бањање!“ Најчесто, се работи за реченица упатена од мајките и бабите.

ne-izleguvaj-so-mokra-kosa-kolku-dolgo-ne-smeete-nadvor-otkako-ke-ja-izmiete-kosata-1.jpg

Дали и колку се во право? Или сепак и ова е уште една бабина деветина?

Како што научниците откриваат, оваа навика може да ви донесе сериозни последици, од ужасни главоболки до менингитис.

Ако помисливте дека сте заштитени затоа што косата целосно ја исуштивте со фен, имајте на ум дека иако влакното е суво, влагата се задржува во фоликулата на влакното.

Неколку часа по миењето на косата, порите на главата се отворени затоа што апсорбираат вода. Со самото тоа имунолошкиот систем е поизложен на штетни влијанија. Во овој случај и ветерот може да ви наштети.

Наједноставните последици од излегување со штотуку измиена коса се главоболките и настинките, воспалението на синуси, а во одредени случаи може да се случи и нешто многу пострашно - воспаление на нервите на мускулите кои го контролираат лицето и менингитис.

Да не ве плашиме, но работава е пресериозна за да возвратите „добро мамо/бабо, јас си знам“.

Ако користите фен, добро би било да останете на топло уште 1-2 часа, а ако сакате косата природно да ви се исуши, ќе мора да бидете трпеливи цели 5-6 часа.

Во студените месеци кои следуваат задолжително заштитете се со капа.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg